Велосипедски мост „до небото“ во Копенхаген

20.11.2015 13:27
Мост до небото

Копенхаген е совршен град за велосипедисти. Има патеки за велосипедисти и специјални мостови кои излегуваат од ушите на градот, а семафорите се програмирани да им помагаат на велосипедистите да се движат без прекин за време на застој во сообраќајот.

Но, најновата велосипедска инфраструктура се чини премногу необична, дури и за главниот град на Данска. Првите планови се направени во 2008 година, а ќе се реализираат следната година кога ќе бидат изградени две сосема нови кули од двете страни на градското пристаниште, поврзани со мост кој ќе се наоѓа на 213 стапки над површината на водата.
Да, верувале или не, тоа ќе биде мост за велосипедисти, 213 стапки во воздух.


На прв поглед, мостот дизајниран од архитектот Стивен Хол, изгледа како уште еден нереален концепт за проект кој веројатно нема никогаш да се изгради. Исто така, малку наликува на Тауер Бриџ. Но, бизарно е тоа што, она што изгледа како целосно непрактично решение, всушност ќе биде изградено поради многу практични причини.

Двете страни на пристаништето кои ќе ги поврзува мостот, моментално се достапни само преку обиколен пат околу работ на пристаништето, што значи дека скратениот пат би можел да заштеди многу време на многу луѓе. Покрај тоа, прописите диктираат дека резиденциите во градот мора да бидат во рамките на должината од 500 метри на јавниот транспорт, критериуми кои моментално не се сретнале со некои домови околу устата на пристаништето. Новиот транспортен линк би требало да го овозможи тоа и да се поклопи со оние 500 метри на транспортната станица.

Сето тоа има смисла, нели? Но, зошто велосипедистите да се одлучат за мостот кој ќе го „допира“ небото,и да мора да патуваат во специјални лифтови од двете страни за да имаат пристап до него? Бидејќи пристаништето сè уште е во функција, мостот мора да се изгради доволно високо за да овозможи бродовите да поминуваат под него.

Изградба на кулите и мостот ќе почне следната година. Но, дали луѓето ќе се мачат да ги влечкаат своите велосипеди нагоре и надолу со ескалатори за само малку да го скратат нивното патување? Тоа сигурно ќе го дознаеме кога ќе се изгради оваа необична градба.


Слики: Stephen Holl

Извор:www.citymetric.com

 

ОкоБоли главаВицФото