Граѓаните на Аеродром и Лисиче протестираа заради енормно загадениот воздух

23.11.2015 01:50
Граѓаните на Аеродром и Лисиче протестираа заради енормно загадениот воздух

Граѓаните на Аеродром и Лисиче се собраа вчера пред општинската зграда во Аеродром за да го изразат својот револт од екстремното загадување во општината и во Град Скопје воопшто, и да побараат од надлежните да го почитуваат член 43 од Уставот на РМ кој гласи: „Секој човек има право на здрава животна средина.“

Организатор на собирот беше неформалната граѓанска иницијатива „Стоп за смрдеата во Аеродром и Лисиче“ која има преку две и пол илјади поддржувачи. Официјален постер на собирот беше „Pray for Skopje“, со цел да се алармираат граѓаните околу опасноста од аерозагадувањето. Ова е трет собир кој веќе прераснува во редовен настан, секоја недела во 12 часот пред општината. Членови на иницијативата исто така беа дел од дебатата за загадувањето која се одржа во Радио МОФ на 18 ноември 2015. Фотографии од настанот може да се најдат на следниов линк.

Граѓанската иницијатива има цел да ја зголеми свесноста кај граѓаните за здравствените ризици од аерозагадувањето кои според Светската Здравствена Организација, Агенцијата за заштита на животна средина на САД и Националниот институт за здравје на САД вклучуваат:

Нервен систем:

-Оштетување на когнитивните и моторните функции
-Мозочни удари
-Мозочни конвулзии

Респираторен систем:

-Хронични и акутни заболувања
-Оштетување на белите дробови
-Канцер на белите дробови
-Бронхитис
-Астма

Кардиоваскуларен систем:

-Кардиоваскуларни болести
-Срцев удар

Уринарен систем:

-Оштетување на црниот дроб
-Канцер на уринарниот тракт

Репродуктивен систем:

Кај жените:

-Дефекти при раѓање
-Смрт на новороденчиња
-Ризик од канцер
-Оштетување на когнитивните и моторните функции

Кај мажите:

-Неплодност
-Ризик од канцер

Ги повикуваме граѓаните да се информираат повеќе за аерозагадувањето, поконкретно за канцерогените ПМ10 честички кои ја надминуваат дозволената граница во Аеродром и Лисиче од пет до десет пати. Идеално е да ја симнат мобилната апликација „Мој Воздух“ на своите смартфони или на своите компјутери, за да ја следат моменталната состојба на воздухот.

ОкоБоли главаВицФото