Иванов: Моето срце е со Ердоган, но џигерот, белите дробови, левиот бубрег и панкреасот ми се со Путин

25.11.2015 16:02
Иванов: Моето срце е со Ердоган, но џигерот, белите дробови, левиот бубрег и панкреасот ми се со Путин

Скопје, 25 ноември 2015

Претседателот Ѓорге Иванов запрашан по повод инцидентиот со уривањето на рускиот воен авион од Турција дали неговото срце сè уште е со шефот на турската држава Таип Ердоган, даде потврден одговор, но напомена дека од анатомски аспект се чувствува малку поделено.

– Да, моето срце е со Ердоган, но џигерот, белите дробови, левиот бубрег и панкреасот ми се со Владимир Путин. Не знам како можеше да се случи двајцата единствени стратешки партнери да ни влезат во конфликт. Македонија ќе стори сè што е во нејзина моќ да ги смири. Мислам дека Турција и Русија мора да постигнат разумен компромис по ова прашање – изјави Иванов.

Тој не ја исклучува можноста Ердоган и Путин да влегле во конфликт токму поради кавга околу тоа кој е најголем пријател на Хорхе и на библиска Македонија. Во случај на војна помеѓу овие две земји, официјално Скопје ќе го примени принципот пар-непар, односно во парни денови ќе ја поддржува Турција, а во непарни – Русија.

Извор: www.kozanostra.net