Тодоров: Ќе купувам мамографи и за последниот Македонец!

27.11.2015 11:34
Тодоров: Ќе купувам мамографи и за последниот Македонец!

На министерот Тодоров му умреа повеќе луѓе отколку што загинаа во атомскиот напад врз Хирошима, но тој не е сосема задоволен од себе, чувствува дека може уште многу да даде за здравјето на нацијата!

Вели дека и за последниот Македонец ќе купува мамографи, брза помош и гинекологии колку и за сите, дека ќе инвестира за тој еден човек повеќе отколку што комуњарите инвестирале за сите!

Но, тој воркохолик во служба на смртта, не е ништо во споредба со претседателот на таканаречената влада, инаку негов партиски и државен шеф, тој, значи, не само што го има него, на кого му умреа повеќе луѓе отколку во атомскиот напад врз Хирошима, тој е вршител на должноста прајминистер на кого за два месеци му сменија двајца министри на полицијата, па му сменија уште еден министер, па му го сменија шефот на тајните служби, па му се јави главниот министер да му каже дека е луд и дека ќе го мава со телефонска слушалка, па му отиде главниот ковчежник, едвај се извлече човекот по толку оставки што му ги отфрли нашиот пациент, па му дојде меѓународна комисија да му ги оправа работите во државата, па му го составија извештајот Прибе во кој се вели дека тој ја отерал државата у курац, па дојде време во Брисел да не знаат што да прават со препораката, па од многу убавина му се исели една третина од населението, па му поставија специјална обвинителка која ќе му ги истражува тешките криминали од бомбите на Заев што го разнесоа на парчиња суспендирани гомца... И - ништо! Човекот не се дава, ќе оди на избори!

И ај тој што ќе оди на избори, туку сите ќе одат, што значи дека во тој изборен натпревар меѓу него и Нино и сите други нема никакви разлики во смисла на можноста да се натпреваруваат. Но во политичка смисла тие се супериорни пред народот зашто имаат зад себе дела и во себе пари!

Тие мислат дека ако не победат на изборите ќе мора да останат на власт за да се справат со антимакедонскиот заговор што им ја ускратил победата!

Извор: Фејсбук профилот на авторот, 10.11.15.
Слика: Александар Ковачевски