Москва конечно одобри поставување споменик на Булгаков

27.11.2015 14:45
Москва конечно одобри поставување споменик на Булгаков

Москва конечно одобри поставување споменик на рускиот писател Михаил Булгаков, кој живеел во овој град и поставил голем број сцени од неговите книги во централното градско подрачје. Проектот беше одложен за повеќе од една деценија бидејќи се сметал за уште една „ѓаволштина“ поврзана со Булгаков и неговото творештво.

Николај Голубев, директор на Музејот кој е сместен во куќата и театарот на Булгаков, на почетокот на овој месец изјави дека одделот за зачувување на спомениците на градот го одобрил неговото барање да се постави бронзена скулптура на авторот во центарот на Москва. Тој изјави дека планира да ги собере потребните средства и споменикот да биде поставен во мај.

„На луѓето им е тешко да му простат на Булгаков за фактот дека во неговиот роман злото е извршено од страна на луѓето, а не од ѓаволот“ – вели Голубев. „Конечно успеавме тоа да му го пренесеме на општеството“.

Во фокусот на романот на Булгаков, „Мајсторот и Маргарита“, е пристигнувањето на чудниот странец наречен професор Воланд, кој во периодот на Советскиот Сојуз во Москва обично се толкувал како ѓавол, а романот се развива на тој начин што на крајот се вкрстуваат судбините на притворениот автор, неговата муза Маргарита, и римскиот намесник, Понтиј Пилат.

Почетната сцена во која Воланд му раскажува на Михаил Берлиоз дека неговата глава ќе биде отсечена истиот тој ден, се одвива во југоисточниот дел на Патријаршките Езера во центарот на Москва, на местото каде што ќе биде поставен споменикот.

Поради Советската цензура, Булгаков имал тешкотии со објавувањето на неговите дела пред неговата смрт во 1940 година, па затоа романот бил објавен во целост во 1973 година. Во руската наставна програма бил додаден во доцните 1990-ти.

Поставувањето на споменикот на Булгаков помина низ слични проблеми. Александар Рукавишников, кој претходно го извајал споменикот на рускиот автор емигрант, Владимир Набоков, во Монтре, Швајцарија, на градскиот владин конкурс го доби првото место и награда за изградба на споменик на Булгаков во 1998. Но, неговиот експанзивен дизајн, кој требаше да го претставува авторот како гледа во Исус додека е на прошетка кај Патријаршките езера, заедно со други ликови од романот „Мајсторот и Маргарита“, предизвика револт во јавноста.

Најжестокиот дел од ансамблот беше првата гигантската печка со бар релјеф на ѓаволот и неговите помошници. Во едно отворено писмо против споменикот, овој проект бил наречен „ѓаволштина“, а во 2003 година градот ги елиминира сите елементи освен статуата на самиот Булгаков и градот го откажа проектот иако Рукавишников веќе ги изработи повеќето елементи.

Статуи на ликови од романот „Мајсторот и Маргарита“ пред Музејот на Булгаков во Москва

Во 2004 година, локалните власти одлучија да го инсталираат споменикот на Sparrow Hills, Москва, но и тој проект беше блокиран откако Руската Православна Црква изјави дека жртвите од чума од минатите времиња биле закопани во таа област.

„Идејата за поставување на овој споменик на масовна гробница е нешто во духот на триковите на Воланд и укажува на тоа дека сè уште постои хаос во главите на луѓето“ – рече Борис Данилов, тогашен директор на Синодската библиотека на Московската Патријархија.

Минатиот месец Московската Влада го преименува плоштадот во близина на Патријаршките Езера во чест на Булгаков и на градската парламентарна седница оваа недела ќе се разговара за споменикот. Иако градот ја одобри статуата на Булгаков, која го прикажува авторот како седи на една скршена клупа, Голубев сè уште бара дозвола да се постават и другите ликови од ансамблот, инсталирани на различни точки по должината на терасата помеѓу езерцето и Музејот.

Тој се обидува да собере 40-50 000 000 рубли за овој проект посветен на Булгаков.
„Животот е краток, уметноста трае... Булгаков немал деца, книгите се негови деца. Сакаме да се постави споменик посветен на овие дела, кој сите нас ќе нè надживее“ – изјави Голубев.

Светлана Брежнева, која предава руска литература во училиште во Троитск, во предградието на Москва, неодамна беше во посета на куќата на Булгаков со двајца од нејзините студенти. Музејот беше преполн со луѓе од сите возрасти, вклучувајќи и десетина студенти кои учествуваа во квиз-натпревар во чест на Булгаков.

„Дефинитивно мора да се постави споменик на Булгаков, и Патријаршките Езера се вистинското место за тоа“ – вели таа. „Погледнете колку добро е спакуван музејот.“
Брежнева рече дека перцепцијата на Булгаков како сатанист е погрешна и не треба да ја попречи реализацијата на проектот. „Јас сум православен верник, и не постојат ѓаволи во религиозна смисла во делата на Булгаков“ – вели таа. „Постојат алегории. Многумина пишувале дека Воланд ги претставува Советските власти.“

Извор:www.theguardian.com