Фотографка ги претвора децата со посебни потреби во суперхерои

30.11.2015 01:45
Фотографка ги претвора децата со посебни потреби во суперхерои

Главната идеја на проектот на фотографката Рене Бергерон, насловен „Суперхерој“, е да се направат убави и моќни фотографии на децата со посебни потреби.

„Сè започна со проектот во 2012 година со фотографиите од мојот син Аполо кој е роден со двоен аортен лак. Во 2012 година тој имаше две операции на срце и му беше вметната цевка за хранење. Сакав да се види себеси како моќен и силен, а не како жртва на неговото болно срце“ – објаснува фотографката Рене Бергерон.

„Јас сум професионална фотографка, и кога видов колку многу Аполо им се радуваше на фотографиите, решив да им понудам таква сесија и на другите деца со посебни потреби“ – вели Рене.

Супер Коди е подготвен да го освои светот!


Мајката на Коди ги обожаваше фотографиите, па рече: „Во мене секогаш постои надежта дека Коди ќе стекне некој нова способност, како што научи да трча, да брои, да зборува. Кога се обесхрабрувам, ги гледам овие слики и се потсетувам на тоа дека во него не постојат граници.“

Мечето Коди 


„Се надевам дека еден ден, кога тој ќе порасне, ќе може да се погледне и во овие фотографии да го види она што го гледам. Ова е скапоцен подарок и еден храбар суперхерој тукушто се подготвува да го освои светот.“
Мајката на Коди


Аполо, инспирацијата за проектот Суперхерој

Сакам Аполо да се види себеси како силно и моќно момче. Се надевам дека никогаш нема да чувствува лошо поради неговите лузни или цевката за хранење.


Мелани

Мелани е едно весело и енергично четиригодишно девојче кое секој ден се буди со насмевка. Мелани има дијагноза на аутизам, како и епилепсија и сензорно нарушување. И покрај тоа што овие услови ги прават нештата многу потешки, кај Мелани можеше да се почувствува среќа и упорност.

Мила и нејзиниот брат

Мила и нејзиниот брат заштитник. Ништо не може да ги сопре овие двајца херои.

Мила


Мила е едно прекрасно девојче со апраксија на говорот. Таа не може многу да зборува, но изразот на нејзиното лице кажува се!

Ејвори


„Овие фотографии се моите омилени фотографии од Ејвори, и тие го доловуваат нејзиниот дух на начин на кој само фотографијата може да го направи тоа. Проектот Суперхерој е можност да им посветиме внимание на овие деца, да покажеме какви се тие во суштина и какви не се. Најважно за Ејвори е дека таа е дете кое сака да се смее, се вљубува брзо, простува често, и на нејзиното семејство и пријателите им дава можност да доживеат длабока промена на перспективата во однос на она што е најважно во животот. Овие фотографии совршено го доловуваат нејзиниот дух и сега можеме да ја споделиме таа радост со светот.“
Мајката на Ејвори

Насмеаната и среќна Ејвори


Викторија 

„На овие слики го гледам моето прекрасно дете. Разликата во должината на нејзините екстремитети е видлива на овие фотографии. Горда сум на тоа колку е силна таа. Овие фотографии го доловуваат сето тоа и многу повеќе. Ги почитувам фотографиите и сум бескрајно благодарна за нив.“
Мајката на Викторија

Чекорите на Викторија


Викторија е родена со вроден феморален дефицит. Ова значи дека бедрената коска на едната нога и е пократка отколку што треба да биде. Таа е прекрасно, сјајно девојче кое, за жал, како што расте, ќе биде подложена на низа операции за продолжување на нејзината нога.

Извор:www.boredpanda.com

Слични содржини

Психологија / Живот
Фотографија

ОкоБоли главаВицФото