Во Македонија, религијата најмалку од сè е духовна

01.12.2015 12:42
Во Македонија, религијата најмалку од сè е духовна

Наместо како во секоја нормална држава религијата да е приватно нешто, право на поединецот и духовна работа, во Македонија, како и во секоја друга примитивна држава религијата е агресивна, се наметнува, го окупира просторот и најмалку од сè е духовна.

Секој од верските претставници кои на вака световен начин си ја мерат должината на пимпеците делува апсолутно спротивно на учењата на нивните божемни духовни водачи.

Ако оџите продолжат да се дерат на разглас и ако им се придружат во драњето и поповите, а ниту еден државен орган не почне да го спроведува законот, тогаш граѓаните ќе бидат ставени во ситуација самите да се заштитат.

Ова се однесува и на бесмисленото градење џамии и цркви.

Лично мислам дека треба да има толку џамии и цркви колку што секојдневно има верници кои ги посетуваат. Ако дневно нема барем 50 верници, тогаш нема потреба ни од таа џамија или црква и треба да се пренаменат во нешто корисно и употребливо за граѓаните.

А ако вие, верниците, не знаете да комуницирате со Господ духовно, туку за тоа ви се потребни згради, тогаш имате голем проблем со својата вера.

 

Извор: Фејсбук профилот на авторката
Слика: Свирачиња