Бизарни направи за убавина кои некогаш ветувале подобар изглед

01.12.2015 16:49
Бизарни направи за убавина кои некогаш ветувале подобар изглед

Од креми кои на „чудесен“ начин го затегнуват лицето и ги бришат брчките, па сè до милион варијанти на фитнес справи кои ни гарантираат рамен стомак, витко тело и беспрекорна убавина – индустријата за убавина го следни секој наш чекор и постојано бомбардира со нови производи.

За среќа, направите за убавина денес изгледаат барем малку поприфатливи од оние од минатиот век, а можеме да бидеме сигурни и дека се далеку побезболни...


Направа за дупчиња на образите

Изабела Гилберт мора да поминала низ пекол со недостатокот на дупчиња на образите, бидејќи што друго би можело да натера некого да измисли направа која ги создава?

Во 1936 година Изабела ја измислила оваа необична направа која ветувала „еден убав сет за дупчиња во образите“. Не можеме да бидеме сигурни какви биле резултатите од носењето на направата, и дали воопшто имало некакви резултати.

Појас за нос

За сите оние кои живееле на почетокот на 20 век, а не биле задоволни со изгледот на својот нос, добрата вест се состои во тоа што не морале да посегнат по скапи и болни пластични операции. Лошата вест е другата опција: Trados – обликувач на нос.

Моделот 22 бил доста популарен во 1918 година, но „специјалистот за лице“, М. Трилети, изумител на направата, не запрел само на тој модел. До 1928 година, М. Трилети бил „експерт за обликување на нос“, кој понудил брза, „безболна“ и постојана корекција на носот со својот нов модел – Модел 25.


Редуктор за брада и разубавувач

Имате проблематичен подбрадок? Не грижете се! „Редукторот и разубавувачот за брада“ на професор Јуџин Мек е тука за да ви го спаси и разубави денот (и вашиот изглед).

Оваа направа од 1890 година, наводно, можела да ја елиминира „двојната брада“, се разбира, под претпоставка дека доволно силно ќе ги повлекувате каблите.


Гумена маска за лице

Сите оние кои во 1912 година имале некаков „дефект на лицето“, биле среќни што меѓу нив живеела, чекорела и измислувала нови направи, Лилијан Бендер, која ја измислила оваа супер удобна направа која ветувала „отстранување на брчките и вишокот месо“, преку целосно прилагодливата гумена маска“.

Оваа направа која изгледа како корсет за лице, најверојатно послужила и како инспирација за маската на Доктор Ханибал Лектор во филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“.

Микрометар за убавина

Максимилијан Факторович, кој во 1909 година отворил мала продавница за продажба на козметика, која денес е позната како гигантската компанија за козметика, Макс Фактор, покрај инзворедните кармини и маскари, имала и еден прилично интересен изум - микрометар за убавина.

Микрометарот бил измислен во 1932 година, а служел како инструмент дизајниран за откривање недостатоци на лицето на жените, недостатоци кои подоцна можеле да бидат коригирани со шминката на „искусниот оператор“. Доколку (по некоја случајност) маската за лице на фотографијата погоре, послужила како инспирација за маската на Ханибал Лектор, тогаш овој уред дефинитивно бил инспирација за хорор филмот Hellraiser.

Извор: pixelizam.com

ОкоБоли главаВицФото