Научници ја создадоа првата кибер-билка

03.12.2015 13:09
Научници ја создадоа првата кибер-билка

Еден тим научници од шведскиот универзитет ja создале првата билка напоена со струја и на тој начин се развиени аналогни и дигитални кола во жива роза.

Оваа технологија ќе им овозможи на научниците да ги регулираат хемиските процеси, растот на билките и да ја засилат фотосинтезата за да можат да се развијат соларни ќелии.

Шведските научници во листовите на розата и во нејзиниот природен циркулаторен систем вметнале полимер кој има способност да докаже дека е можно да се развијат електрични елементи, како транзистори, жици или компоненти на екранот.

Групата користела т.н. PEDOT-S полимери за да формираат жици во внатрешноста на ксилемите, ткива кои ја пренесуваат водата и ја опфаќаат билката. Жиците се поврзани со помош на изложување на резниците на розата со полимерот кој рамномерно се распоредил низ целата билка, опкружен со ксилемот и формирал спроводливи структури подолги од 5 сантиметри. Со оглед на тоа што полимерот не го опфаќа ксилемот, преносот на хранливите материи и водата во внатрешноста на билката не бил загрозен.

Научниците листовите ги полиле со еден друг вид полимер PEDOT, кој создава „пиксели“ кои ги опфаќаат жилите на ружата. Со испраќање електрохемиски сигнали низ вените, се активирале пикселите кои ја менувале бојата на листовите од светла во темно зелена, однесувајќи се како едноставен екран.

Водачот на овој иноваторски тим, професор Магнус Бергрен, смета дека електронски надградените билки ќе имаат влијание во подоброто запознавање на растенијата како и создавање на интегрирани технологии како што се биозензорите, горивните ќелии на база на фотосинтеза, регулатори на растот, како и уреди кои ќе ги следат внатрешните функции на билките.

Извор:znanost.geek.hr