Дали капитализмот е причина за сиромаштијата?

05.12.2015 02:22
Дали капитализмот е причина за сиромаштија?

Денешниот капитализам се брани од купишта прекори: дека е причина за сиромаштија, нееднаквост, невработеност и дури глобално затоплување. Или, како што неодамна во Боливија рече папата Фрањо: „Тоа е систем кој историски се покажа како неодржлив: неодржлив е за селаните, неодржлив е за работниците, неодржлив е за заедниците, неодржлив е за народите. И, неодржлив е – како што би рекол свети Фрањо – и за самата Земја, нашата сестра, Мајката Земја.“

Но, дали проблемите кои го разбеснија Фрањо навистина се последица на она што е наречено „незауздан капитализам“? Или пак тие тешкотии се всушност последица од изненадувачката неуспешност на капитализмот да ги достигне очекуваните цели? Значи, дали планот за подобрување на социјалната праведност треба да се темели на зауздување на капитализмот или на отстранување на пречките кои го попречуваат неговото ширење?

За Латинска Америка, Африка, Блискиот Исток и Азија, несомнено важи последниот одговор, а тоа полесно ќе го разбереме ако се сетиме како Карл Маркс ја замислувал иднината.

Маркс ја гледал историската улога на капитализмот во реогранизацијата на производството. Семејните бизниси, занаетчиските работилници и „трговскиот народ“, како што Наполеон презрено ја именувал Велика Британија, треба да исчезнат. Сите тие ситни граѓански дејности би можеле да ги прегазат еквивалентите на денешните Зари, Тојоти, Ербаси и Волмарти.

Како последица, сопственоста на средствата за производство би преминала од рацете на оние кои работат со нив – значи од рацете на членовите на семејствата на бизнисите и од рацете на занаетчиите во нивните работилници – во рацете на „капиталот“. Работниците би биле само сопственици на својата работна сила која би морале да ја разменуваат за мизерни плати. И покрај тоа, би поминале многу подобро отколку „резервната војска невработени“ – доволно голема залиха работна сила што на оние кои работат им предизвикува страв од губење на работата и воедно доволно мала за да не се изгуби вишокот вредност, кој би можел да се извлече од нивната работа.

Кога сите дотогашни општествени класи ќе се преобликуваат во работничка класа и кога сите средства за производство ќе преминат во рацете на сè помалите групи сопственици на „капитал“, пролетерската револуција ќе го одведе човештвото во светот на совршена праведност: „Секој според своите способности, секому според неговите потреби“, како што гласи знаменитата изрека на Маркс.

Поетот и филозоф, Пол Валери, очигледно имал право: „Иднината, како и сè друго, веќе не е она што беше некогаш“. Но, сеедно, не смееме да ѝ се потсмеваме на погрешната прогноза на Маркс. Најпосле, како што со подбив предупреди физичарот Нилс Бор: „Тешко е да се прогнозира, особено иднината.“

Денес знаеме дека во исто време додека се сушело мастилото од Комунистичкиот манифест, започнал 160 години долгиот период на раст на платите, со што работниците станале дел од средната класа со автомобили, хипотеки, пензии и сите ситни граѓански грижи. Денес, политичарите ветуваат дека ќе креираат нови работни места – односно повеќе можности за да се искористи капиталот – а не дека ќе ги преземат средствата за производство.

Капитализмот го снајде таква реорганизација бидејќи реорганизацијата на производството овозможи исклучителен раст на производството. Поделбата на трудот во рамки на претпријатијата и меѓу нив, односно моторот на растот што уште 1776 година го предвидел Адам Смит, ја овозможи таквата поделба на знаењето и искуството меѓу поединците што опсегот на знаењето на целината го надмина збирот поединечни знаења, заради што како последица почнаа да се обликуваат брзо растечки мрежи за размена и соработка.

Во денешното современо претпријатие функционираат цела низа експерти – од областа на производството, проектирањето, маркетингот, продажбата, финансиите, сметководството, управувањето со човечките ресурси, па експерти од областа на логистиката, даноците, договорното право и така натаму. Современото производство не е само трупање згради и опрема, чиј сопственик е das Kapital, со механичка работа што ја извршуваат заменливи работници. Наместо тоа, се обликуваше координирана мрежа луѓе, која владее со различните вештини на човечкиот капитал – das Humankapital. Легитимно е дека капитализмот во развиениот свет речиси секого го преобликуваше во наемен работник, но воедно го ослободи од сиромаштијата и му овозможи поголема благосостојба, отколку што Маркс можел да замисли.

Но, тоа не е единствената заблуда на Маркс. Уште повеќе изненадува експанзијата на капиталистичката реорганизација на производството на државите во развој, со што поголемиот дел од работничката класа го избегна нејзиниот раздор. Бројките се фасцинантни. Додека во САД самовработен е само еден од девет луѓе, во Индија тој удел достигнува 19 од 20 луѓе. Во Перу помалку од 20 проценти од работниците се вработени во такво приватно претпријатие какво што го замислувал Маркс, а во Мексико во таков размер се вработени само приближно една третина од луѓето.

И во одредени држави мерките за благосостојба се силно поврзани со уделот на работната сила вработена во капиталистичкото производство. Во мексиканската сојузна држава Нуево Леон во приватните претпријатија се вработени две третини од работниците, во Чиапас, пак, само еден од седуммина. Тогаш, не е чудно што приходот по жител во државата Нуево Леон повеќе од деветпати го надминува приходот во Чиапас. Слично е во Колумбија каде приходот по жител во Богота е четирипати поголем отколку во Маикао.

Во осиромашената Боливија, папата Фрањо го критикуваше „менталитетот за постигнување профит по секоја цена, без грижа за социјалното исклучување или уништувањето на природата“ и „невтемелената и наивна доверба во добрината на оние кои во своите раце ја држат економската моќ и во посветеноста на функционирањето на доминантниот економски систем.“

Но, таквото толкување на неуспешноста на капитализмот е сосема погрешно. Боливија не ја искористуваат најпрофитабилните претпријатија на светот. Едноставно, таму ги нема, бидејќи таа околина не им изгледа доволно профитабилна. Темелна тешкотија на светот во развој е фактот што капитализмот не ги реорганизираше производството и вработеноста и во најсиромашните држави и региони, а на тој начин, поголемиот дел од тамошната работна сила ја постави надвор од рамките на своето дејствување.

Како што тврдат Рафаел Ди Тела и Роберт Мекалок, за најсиромашните држави на светот не е карактеристична наивната доверба во капитализмот, туку, напротив, крајната недоверба, што води до опсежни државни интервенции и регулации на работењето. Во такви услови не успева капитализмот и економиите остануваат бедни.

Вистина е дека Фрањо го фокусира своето внимание на неволјата на најсиромашните на светот. Но, нивната беда не е последица на незаузданиот капитализам, туку на капитализмот кој бил зауздан на погрешен начин.

Рикардо Хаусман, некогаш венецуелски министер за планирање и некогашен главен економист на Меѓуамериканската развојна банка, професор по практика за економски развој на Универзитетот Харвард, каде е и директор на Центарот за меѓународен развој.

Извор: http://libreto.net/ 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото