Подводна уметност

05.12.15 13:37

Оригиналните фотографии на американскиот уметник Ким Кивер се колоритни апстрактни композиции насловени „Уметност под вода“, создадени со пропуштање на пигменти во резервоар и фотографирање на добиените експлозии на различните нијанси - техника која тој ја користи повеќе од пет години.

Во контекст на префинетата непредвидливост на неговата работа, дури и откако поминал безброј часови експериментирање и фотографирање, Кивер вели: „Дури и по 20 000 фотографии не можам да предвидам која ќе биде целосно успешна и само мал дел од нив одлучувам да ги испечатам. Но, јас сум ги прифатил недостатокот на контрола и прегратката на случајноста.“


Кивир беше во центарот на вниманието по соработката со музичарката Џоана Њусам за нејзиниот нов албум, Sapokanikan. Уметникот се навраќа на своите комплексни подводни пејзажи кои на албумот на Њусам му даваат една недофатлива, мистична аура.

Во видеото во режија на Пол Томас Андерсон (Boogie Nights, Magnolia, There Will Be Blood, Inherent Vice) за синглот Divers на Њусам, пејачката го ангажирала Кивер за пејзажите кои наликуваат на витли.

Неодамна беше отворена новата самостојна изложба на Ким Кивер, во галеријата Waterhouse & Dodd во Њујорк, насловена Random Events, а нешто повеќе од неговите дела може да се види на интернет страницата www.kimkeever.com.

Извор: www.creativeboom.com

ОкоБоли главаВицФото