Предавање на Лукаш Галусек со јавна дискусија: „Кој се плаши од модернизмот?

07.12.2015 13:37
Предавање на Лукаш Галусек со јавна дискусија: „Кој се плаши од модернизмот?

На 10 декември во Клубот ГЕМ во Старата скопска чаршија, со почеток од 19 часот, ќе се одржи предавањето „Кој се плаши од модернизмот?“ на познатиот полски архитект Лукаш Галусек, еден од најдобрите познавачи на современата архитектура во Централна и Источна Европа, а со тоа и во Македонија. Предавањето ќе биде проследено со јавна дискусија.

„...Со модернизамот имаме проблем. Повоената архитектура се поврзува со еден неправеден систем. Ѝ ги лепиме етикетите на тоталитаризмот и просечноста. Преокупирани со други работи, по 1989 година нѝ исчезна од видното поле. Постоеше, но за нас беше невидлива. Се радувавме кога почна да исчезнува. Денес размислуваме дали не ја оценивме премногу сурово. Учиме за неа од почеток. Соцмодернизмот на некој начин стана модерен. Дискусијата трае и буди емоции. Нашите дилеми за повоената архитектура ќе ги илустрираме со примерите на Катовице и Горна Шлезија....“

Лукаш Галусек – архитект и издавач. Се занимава со културата и уметноста на Средна Европа, особено со врските меѓу просторот, сеќавањето и идентитетот. Коавтор на публикацијата Јоже Плечник – архитект и визионер (Краков 2006) и Романија. Просторот, уметноста, културата (Олшаница 2008), Пограниче. За возродувањето на културата (Вроцлав 2012). Кокуратор на изложбата Картограф на злокобната историја. Тара (фон Нојдорф) во Галеријата на МЦК (2013). Работи во Меѓународниот културен центар во Краков.

Лукаш Галусек има пишувано и за архитектурата на Скопје, неговиот модернизам и најновите зафати во градот.

ОкоБоли главаВицФото