Рапорт од снимањето на Контра Вести во Телма, и случувањата потоа...

07.12.2015 14:12
Рапорт од снимањето на Контра Вести во Телма, и случувањата потоа...

Борјан ми се јави пред неколку денови. Штом видов дека врти, бев сигурен дека пак нешто сме украле од Нова ТВ, неговиот портал, иако дадов наредба на моите да не се зема од таму видео, туку само линк да се става, затоа што не е фер да се краде, нели... Иако на почетокот на Мактел се отепавме од крадење, ама сега видовме по наш грб како е кога цела година Доказ и Народен Глас буквално го крадат Мактел безмилосно, дури и мои колумни си земаат цели, без линк ниту референца, како да се нивни...

Но друга е сега темата. Му викам на Борјан „Што сме украле сега Боко?“ Не бе, ми вика тој, те викам за у емисија, сакам да бидеш гостин у Контра Вести. Бреееј, му реков, па дали је могуче? Да бе, ми рече, сакаме да бидеш гостин, дојди у сабота у 10 саат у Телма... Ок, ќе дојдам, му реков.

И ојдов. Се дотерав претходно, кладов и кравата дури, мада од репризава гледам дека фризурата не сум ја средил баш. За беља, не знам зошто, но вечерта претходно бев јал малку повеќе лук и кромид, и тоа у исто време и двете, цело време читам дека биле многу здрави, лечеле и спречувале сè и сешто, па бидејќи веќе имам 35 и сум троа подебел, си реков дај да ги манам овие две главици лук и кромид и се отрув, не ми текна дека утре сум на снимање. Еднаш у годината каснав лук и зажалив за тоа ептен!

На снимање, човекот кој ми местеше бубица, ми вика - Аааа, си јал лукоина? Ја додуше миев заби, ама ме изненади чичево, да ви кажам право, ептен без грам дипломатија и тоа на сам старт на интервју кое ќе го гледаат 200.000 народ, најмалку. Ирена слушна и ѝ падна малце незгодно, чичево продужуе да ме ренда - А да не јадеше чкембе чорба сабајлево, да не мана една, а? Па така нешто, му викам, ама тивко, срамежливо. Ирена Ристиќ како да сакаше да ми помогне, повтара по мене - Па така нешто, и се смее...

Пред да почнеме ми приоѓаат луѓе кои се дел од проектот и сите со иста фора - Слушај, голем фан сум ти, најголем, ама прашањата се лоши, пази, ќе те ренда Ирена, ќе те плука, немој да си кршел маса аман заман... Ако бе луѓе, па и критика е у реду, што сте се уплашиле да му ебам мајката, им викам на сите по ред...

Почиња емисија, најава лудило, Ирена ме нарекува највеча будала на свет у цела историја, ок, потоа ме фали како нешто најдобро на сите времиња, ај викам се балансира некако, плус и минус, пак на нула работава...

Имав смислено тешки филозофии да лупам, некои споредби со Индијанци и зборови како куршуми, дрн дрн, ама нема се време, емисијата башка комична, не трпи многу дубина у јадење трици, бара една две реченици, отсечни, пенали шутирање, а не дриблање...

Она за Хорхе случајно испадна, ништо немавме планирано претходно, прашањата не ги знаев... После им викам абе зошто не ми ги дадовте прашањата, ми викаат, ааа не е исто како спонтано што е у живо, ама сè си мислам дека се плашеле дека нема да дојдам ради критиката у прашањата, или па стварно мислат дека е боље на невидено...

Имав трема у пичку матер, ама сепак одредено искуство што сум стекнал помогна, да беше ова на почеток на кариера пред 2-3 години, ќе се онесвестев право тука пред масата на самото вртење околу Ирена на стартот...

Иначе, цело време додека се снимаше емисијата буљав во тоа опремата на Телма, камери, сценографија, самото студио. Прекрасно студио, прекрасна опрема, фантастични услови за работа, им завидувам на новинарите, камерманите, режисерите, најнова опрема, скапа сценографија, кранови, чуда, навистина Макпетрол заслужува орден за тоа што вложува во критички настроена телевизија која држи до новинарските стандарди... Се чувствував среќно што имам прилика да го видам сето тоа... И што сето тоа постои, ќе умрев од мака ако шетав низ такво студио, ама во Канал 5 или Сител. За МТВ ич да не зборам, тоа е апла платено со наши пари за друг да си игра со тоа мајтап и да нè манипулира и лаже безочно...

Денеска пак ми се јави Борјан. Јас прво му се јавив за нешто сосема друго, му барав телефон од еден наш колега, ми требаше за една книга што ја пишувам, но потоа Борјан ми се јави назад и кога почна да се туфка знаев што е работата.

Саше, имаме проблем со емисијва.

Знаев Борјан дека ќе ме забранат.

Епа тоа, сторивме сè што можеме, ама тешко да те пуштиме во Телма, но ќе те има на Нова и на нет изданието.

Ако бе Борјан, не се лутам, само продолжете со проектов, не сакам да се расипе ова што сте го замислиле, стварно искрено мислам дека се работи за тв продукт со светски квалитет кој очајно ни е потребен во овие времиња.

И навистина тоа и сега го мислам. Дури и не им се лутам ниту на Телма. Си имаат луѓето став и пристап и тоа го бранат до крај, и немам проблем со тоа. Тие имаат некои замислени стандарди за тоа што е новинарство а што не, и тоа е тоа.

Македонија, а и секоја земја, има потреба од сите видови на медиумски активизам. Им требаат и стерилни новинари со високи новинарски стандарди на вокабулар и однесување, а потребни се и медиумски шоумени и активисти како мене. Телма има право да одбира што ќе оди на нивната фреквенција. Но се надевам дека ќе се борат за нашето право да постоиме на нашите медиуми за нашата публика која одбрала да нè гледа и конзумира такви какви што сме.

Иако дознав за цензурата уште сабајлево, сепак не сакав да кревам галама за тоа. Не мислам дека се работи за некоја страшна цензура од типот, на пример, некој новинар открил криминал на власта па некој уредник забранил, овде повеќе се работи за држење до некое правило на куќата по основ на тоа што е новинарство а што не, и мислам дека за такви како мене Телма ќе остане затворена засекогаш и тоа е тоа.

Инаку, мислам дека Контра Вести ќе прерасне во мега хит и ќе има вртоглави рејтинзи секоја недела во 21.45. И се надевам дека нема да им треба помош понатаму од донатори, а се надевам и дека ќе оди три пати неделно, или барем два пати. Во земјава има толку многу хумор, а по гасењето на К-15, има толку голема потреба од хумор на тв, ама намерен, а не ненамерен каков што сега има на тони.

Ова лудило мора да се исмее и со тоа и прати во ТРИ ПИЗДЕ МАТЕРИНЕ!!!

П.С. Голема благодарност на сите инволвирани во проектот Контра Вести за тоа што ме повикаа на интервју и на некој начин ми оддадоа почит за мојот ангажман. Се надевам дека тоа ќе им биде простено од медиумските џелати, и оние режимските, а и оние пуританците... И извинување до она чичето што го отрув со здивот кој очигледно труел на лукоина...

Извор: Мактел
Слики: Свирачиња