Пети Смит: 40 години од објавувањето на „Horses“

07.12.2015 14:13
Пети Смит - 40 години од објавувањето на „Horses“

Кој? Пети Смит, 68-годишната музичарка, поетеса и визуелна уметница.

Што? Нејзиниот дебитантски албум Horses со кој влезе во њујоршкото панк рок движење, оваа година слави четириест години, а неодамна објави и нова книга со наслов M Train.

Книжевност

Пред пет години Пети Смит ја објави книгата Just Kids, книжевна комеморација на нејзината врска со фотографот Роберт Мејплторп со кого беше во врска во доцните шеесети и почетокот на седумдесетите. Новата книга не е продолжение на претходната, туку медитација за секојдневниот живот, а во неа не пишува за музиката. Но, затоа Смит пишува за втората голема љубов на својот живот, покојниот сопруг, Фред Смит.

Идентитет

„Јас не сум музичарка. Луѓето често за мене имаат погрешна идеја. Кон крајот на седумдесетите почувствував како е да се биде рок ѕвезда. Но, јас не се перцепирам себе како рок ѕвезда, ниту како музичарка, бидејќи во суштина не знам да свирам на ниту еден инструмент. Пеам, но речиси сите пеат. Јас сум перформер, потоа сум мајка, имам мачка, самотник сум, пишувам секој ден.

1946

Пети Смит е родена на 30 декември, 1946 година, во Чикаго, како Патриција Смит. Мајка ѝ била келнерка, а нејзиниот татко работел во фабрика.
Пети Смит во детството неколкупати едвај останала жива. Прележала туберкулоза и шарлах кој бил толку силен што имала халуцинации. Но, тие болести ја приковале за креветот и – книгите.

1967

Три месеци откако се породила, во јули 1967 година се преселила во Њујорк и одлучила да стане уметница. Уште првиот ден го запознала Мејплторп.

1975

Во 1975 година Пети Смит го објавува албумот Horses со бендот Patti Smith Group. Тоа се смета за официјален почеток на нејзината кариера.

Три големи љубови

Роберт Мејплтор

Биле во врска до 1974 година. Таа го поттикнала да почне да фотографира, а тој неа поезијата да ја претвори во музика. Романтичната врска ја прекинале откако Роберт го прифатил фактот дека е хомосексуалец. Во книгата Just Kids го нарекува „уметникот на мојот живот“. Останале пријатели до неговата смрт во 1989 година. Починал од СИДА.


Сем Шепард

Врската ја започнале кога тој имал 26 години, во 1969 година. Една година бил во брак со О-Лан Џонс и имал шестмесечен син. Тој и Смит, заедно, за само две ноќи, ја напишале драмата Cowboy Mouth. Во придружните белешки за драмата во која и двајцата глумеле во 1971 година, се спомнуваат „маж кој изгледа како којот и жена која изгледа како врана“. Врската не потрајала долго. Шепард ја напуштил Пети и со семејството заминал во Лондон.


Фред Смит

Во времето кога се омажила со Фред, во 1980 година, кружела шегата дека тоа го направила само за да не мора да го промени презимето. Но, Фред Смит бил нејзината сродна душа во многу нешта, на пример и двајцата обожавале поезија. Фред Смит почина од срцев удар, во 1994 година, на 45-годишна возраст.

Деца

1975 – Ја родила ќерката која ја дала на посвојување.

1982 – го родила синот Џексон во бракот со Фред Смит.

1987 – ја родила ќерката Џеси во бракот со Фред Смит.

„Jesus died for somebody's sins but not mine“, се почетните стихови на нејзината преработка на култната песна на Мејплторп, Gloria, преземени од една од нејзините рани песни Oath.

2008

Режисерот Стивен Себринг сними документарен филм за нејзиниот живот со наслов Patti Smith: Dream of Life.

2010

Ја објави книгата „Just Kids“ која ја освои Националната награда за литература, која, по Пулицеровата е најпрестижната книжевна награда.

Пети Смит сними 11 студиски албуми. Нејзин прв албум беше Horses (1975), а последен Banga, издаден во 2012 година.

„Jesus died for somebody's sins but not mine“, се почетните стихови од нејзиниот кавер на култната песна на Мејплторп, Gloria, преземени од една од нејзините рани песни, Oath.

Извор: Globus