Мозокот не го заборава првиот научен јазик

07.12.2015 14:35
Мозокот не го заборава првиот научен јазик

Во научното списание Nature Communications е објавена студија од Универзитетот Мекгил и Институтот за неврологија во Монтреал, во која се објаснува дека јазикот на кој сме изложени на рана возраст, влијае на начинот на кој мозокот ги процесира другите јазици со кои се среќаваме во животот - дури и ако тој прв јазик веќе не го знаеме.

Истражувачите тестот го спровеле на три различни групи деца, на возраст од 10 до 17 години. Тие им дале задача да препознаат псевдо- француски зборови, односно, зборови кои само звучат француски. Првата група се состоела од деца кои се родени и израснале во семејства кои зборуваат само на француски јазик.

Втората група се состоела од деца кои на тригодишна возраст се посвоени од Кина во француско семејство. Третата група се состоела од деца кои се родени и живеат во двојазични семејства, односно семејства кои зборуваат и француски и кинески јазик.Сите деца за време на тестот биле на магнетна резонанца за научниците да можат да утврдат кои делови од мозокот им се активираат.

Иако сите три групи задачата ја одработиле подеднакво успешно, кај сите не се активирале истите делови од мозокот. Кај децата кои никогаш не биле во контакт со кинескиот јазик се активирал поинаков дел од мозокот, за разлика од децата од другите две групи. Така, научниците откриле дека децата од Кина кои биле посвоени од француско семејство, јазикот го процесираат на ист начин како и децата кои живеат во двојазични семејства, што би значело дека нивниот мозок не го заборавил кинескиот јазик.

„Во првите години од животот децата ги доживуваат првите чекори во разбирање на јазикот, така што нивниот мозок интензивно ги впива информациите околу нив, особено звуците кои се важни за јазикот што го слушаат околу нив. Ова е многу важно од перспектива за развојот на јазикот бидејќи ни овозможува раниот развој да го проучуваме откако јазикот веќе се развил“ – изјавила Лара Пирс, една од авторките на статијата.

Извор:znanost.geek.hr

 

ОкоБоли главаВицФото