Пристигнати ракописи за наградата „Новите!“ 2015

07.12.2015 19:58
Пристигнати ракописи за наградата „Новите!“ 2015

Оваа година на конкурсот за најдобар дебитантски прозен ракопис „Новите!“ пристигнаа 16 ракописи од исто толку авторки и автори.

За десетина дена ќе го објавиме списокот на автори кои ќе влезат во потесниот избор за доделување на наградата. Победникот ќе биде прогласен кон крајот на месец декември.

Во продолжение го објавуваме списокот на сите пристигнати ракописи.

1. Јордан Николов - Живот за растворање
2. Никодин Чернодримски - Последна молитва
3. Д. Јанков - По игра на случајот
4. Томе Сиљаноски - „Случки од животот ИТН.“ - тОМе весели / „ПО-НФ накажанија“ - Демек Кобожемски
5. Варвара Н. - Демаркација на небото
6. Иво Петровски - ПВЦ прозорец кон светот (авантуристички дневник на Иво Петровски)
7. Христина Илијева - Феникс-тоа сум јас
8. Марија Христова - Есен и други спомени
9. Мане Манушев - Ова не е книга од Вандер Луст
10. Митко Апостолов - Некои бладања од војната
11. Јагода Василевска - Тркачки поткачени на штикли
12. Христина Димоска - Последните листови на есента
13. Валентина Николова - Една девојка раскажува
14. Стефанија Гордон - Пливачи на грб
15. Кирил Нешкоски - Ханибал и провидението
*16. Сања Михајловиќ Костадиновска - 517
(ракописот пристигна со еден ден задоцнување, но ќе биде земен предвид)

Наградата за најдобар прозен дебитантски ракопис Новите! изнесува 1000 евра и објавување на книгата во едицијата „Катапулт“.

Спонзор на наградата е Комерцијална банка А. Д Скопје.

Досегашни добитници на наградата Новите! се: Алекс Букарски, Галијана Маркова, Дозгулпмус (Климент Булоски), Ненад Јолдески, Иван Шопов, Хигсов Бозон (Кирил Минанов), Дејан Мирчески, Драган Георгиевски и Михајло Свидерски.