За вагините, курвите, моралот, Васко Ефтов и пичките у душа!

10.12.2015 10:09
За вагините, курвите, моралот, Васко Ефтов и пичките у душа!

Васко Ефтов и неговиот нов асистент, најновиот куртон феномен, Љупче Златев, кој во исто време им асистира и на Миленко и на Латас - остана уште да му асистира и на Јанко Бурек - фатиле во најновата емисија, најверојатно водени од чувството на вина и ишкањето на мувата од капата, да вртат телефони на курви по Скопје со цел да ги ругаат, исмеваат и осудуваат...

Интересно е како Васко и Златев сметаат дека на моралната скала подолно е да некој ја продава својата вагина за пари, отколку некој да си ја продава новинарската душа за пари...

За мене секогаш поштетни и поголеми гадови биле пичките у душа отколку курвите...

Што може курвата да му наштети на едно општество? Евентуално да растури брак и да пренесе некоја болест, но жртва е пред сè самата таа која живее во трауми од една од најтешките професии во животот. Дури има некои теории дека курвите го намалуваат процентот на силувања и убиства, особено во земјите каде проституцијата е легална, додека во земјите каде е нелегална го зголемува степенот на трговија со луѓе кои се киднапирани и поробени...

Но курвите по карактер, особено новинарските како Ефтов и Златев, според мене се далеку поштетни, му штетат на општеството со тоа што го разболуваат целото, комплет, сосе институции, систем, атмосфера, тие ги рушат и разјадуваат столбовите на едно општество на кои тоа стои, па со тоа последиците се далеку пострашни. Тие помагаат диктатори кои го крадат, мачат, и лажат народот и ја уназадуваат државата за да останат на власт една, две, три и повеќе децении, за кое време земјите се тотално уништени до точка од која речиси и да нема враќање. Шират лаги, пропаганда, суеверие, стереотипи, омраза, популизам, простачко размислување кое пак резултира со национални катарзи и катастрофи во вид на сурови граѓански и регионални војни, преку кои диктаторите се обидуваат да се одржат на власт по цена на многу жртви и разрушувања. Погледнете го примерот со Ирак на времето со Садам и Сирија сега со Асад. Тие, курвите во душа, се како рѓа која разјадува и скапува сè што ќе дофати!

Новинарските курви исто како и интелектуалните, експертски и бизнис курви, се рак за едно општество. Наместо да се општествени антитела кои ќе се борат со општествените вируси и канцери, тие ги напаѓаат здравите ткива, тие на државата ѝ ствараат автоимуна болест, го парализираат општеството да не може да мрда и граби напред!

Тие се кочниците на едно општество, тие се тегот кој го влече општеството надолу кон калта, статус квото, мизеријата. Тие се како онаа белата мувла која ни го јаде ајварот во тегличките откако ќе ги отвориме или ако лошо сме ги затвориле. Да, толку се опасни!

Разликата во тоа колку една држава е напредна, богата, средена, перспективна, слободна, модерна, успешна, убава, пријатна и ценета меѓународно, дома и во странство е колку има карактерни курви по глава на жител. Ние сме во топ 10 во светот, тоа сум сигурен, затоа сме тоа што сме денес.

Премиерот ни е фатен жив со двете раце во медот, разголен е до кола коска, а сè уште во јавноста владее некаква чудна штама и лажен мир, баш како во песната на Архангел, баш поради овие курви кои одбрале за кеш да молчат или да фалат нешто што за не се молчи и никако не се фали!

Извор: Мактел
Слика: Свирачиња