Давиде Бонаци

11.12.15 17:22

Илустрациите на италијанскиот уметник Давиде Бонаци можеби ги имаат оние топли нијанси карактеристични и за други илустратори, но мешавината на дигитални техники и скенирани текстури им дава специфичност и оригиналност на неговите дела и го издвојува од другите.

Неговата листа на славни клиенти покажува дека овие илустрации биле нарачани од страна на The Wall Street Journal, Huffington Post , Die Zeit и Scientific American и други познати весници.

Позната е неговата илустрирана серија од минатата година во која уметникот низ илустрациите претставува приказна за тивката авантура на една постара двојка.

Истиот сензибилитет на наративот е присутен во неговите комерцијални дела и покрај концептуалната природа на илустрациите. Со чудниот визуелен молк и неговата способност да си игра со пејзажот, делата на Давиде се игриви, но и внимателно осмислени и комплетни.


Извор: www.itsnicethat.com

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото