Домови за стари лица со еко-пријателска земјоделска заедница

12.12.2015 18:58
Домови за стари лица со еко-пријателска агрикултурна заедница

Архитектонската компанија Spark од Сингапур, неодамна го објави проектот Homefarm кој промовира концепт за подобро здравје, пријатно домување на стари лица и земјоделски активности, револуционализирајќи го урбаното пензионирање.

Предложениот план на своите жители им нуди простор за живеење и простор за развој на земјоделство, овозможувајќи им да учествуваат во земјоделскиот процес.

Идејата на компанијата Spark е алтернатива за типичните пензионерски заедници и домови за стари лица, кои често се перцепираат како безлични и стерилни. Наместо тоа, тие се надеваат дека на овој начин ќе се промени начинот на живот на овие луѓе и за нив тоа ќе биде активно и корисно искуство.

Овој проект доаѓа во вистинско време, токму поради податокот кој зборува за тоа дека во последниот период во Сингапур нагло расте стареењето на населението. До 2030 година се очекува една петтина од жителите да бидат на возраст од над 65 години.

Покрај тоа, поголемиот дел од храната не се одгледува локално, туку се увезува, па проектот Homefarm ќе помогне да се зголеми производството на домашно овошје и зеленчук.


Криволиниската структура на комплексот ќе завршува со голем централен двор опремен со тераси и вертикален систем за наводнување.

Овој еко-пријателски аранжман ќе собира дождовница, ќе ја исфрла отпадната вода, и ќе обезбедува сè што е потребно за зголемување на растот на хранливи производи. Секој земјоделски отпад ќе биде искористен како извор на биоенергија.


Homefarm ќе вклучува различни стилови на домување. Оние кои ќе престојуваат во овој комплекс, на располагање ќе имаат еднособни студија, како и четири поголеми апартмани за сместување на поголеми, мулти-генерациски семејства.

Сите единици ќе имаат поглед на дворот и пазарот, каде што жителите ќе можат да работат со скратено работно време. Овде тие ќе го продаваат овошјето и зеленчукот за дополнителен приход, што може да има и позитивни психолошки придобивки.

„Комерцијалната земјоделска активност ги сместува жителите во социјална и еколошки одржлива животна средина“ – објаснува Стивен Пимбли, директор на компанијата Spark. „Ваквиот проект ќе помогне на постарата генерација да одржува активна вклученост во заедницата, која ја го олеснува животот на оние кои боледуваат од деменција и ја зајакнува самодовербата на овие лица“ - додава Пимбли.

Архитектите се надеваат дека Homefarm во Куала Лумпур ќе се изгради до 2018 година.

Извор:www.dezeen.com

ОкоБоли главаВицФото