Реакции по повод сечата на дрвја во универзитетскиот кампус на УКИМ

12.12.2015 21:36
Реакции по повод сечата на дрвја во универзитетскиот кампус на УКИМ

Бранко Тричковски

Собрание на Република Македонија (Остатоци)

ЗАКОН ЗА ГАДАФИКАЦИЈА

Општи одредби

(мотиви и цели)

Со овој закон се уредуваат правата и обврските на општеството во случаите на дивјачко сечење на дрва од градското зеленило. Преку заштита на дрвата како живи суштества општеството се остварува како морална категорија и го демонстрира својот интерес за здрава и убава животна средина.

Член први

Гадафикацијата е процес на ритуално набутување на дивјачки пресечените дрва во телесните отвори на монструмот/монструмите-дрвосеча/дрвосечи , во понатамошниот текст „злосторник/злосторници“.

Член втори

Извршителот на гадафикацијата во смисла на овој закон е секој нормален човек кој своето право и обврска е должен да ги изврши во секое време и на секое место.

Член трети

Гадафикацијата почнува со шупакот на злосторниците како отвор со приоритет!

Член четврти

Другите отвори се употребуваат само ако шупакот на злсторниците не е во состојба да ја прими сета затечена небичена граѓа.

Член петти

Сите дрвца се бутаат неделкани. Задолжително!

Член шести

Овој закон стапува во сила уште пред да се објави.

Собрание на Република Македонија (Остатоци)

Претседател, с.р.

Скопјанг, 11.12.2015

Фејсбук

Саше Ивановски

Да влезеш во дворот на универзитетот во кој учат 10.000 студенти и во 3 ноќе да ги сјебеш сите 50-тина дрва, иако можеле да бидат пренесени со специјални машини малку подолу во дворот или во дворот на МТВ од другата страна на булеварот, и сето тоа на денот на дрвото и сето тоа пред неколку месеци од изборите на кои ќе добиеш шут у г’з и сето тоа после сите протести на студентите кои беа историски, и тоа во моменти кога загаденоста е топ тема и народот умира од смог со рекордни нивоа на ПМ честици, е тоа бара невидени количини на лудило кое може да го има само ова ВМРО-ДПМНЕ! У УСТА ДА ВЕ ЕБАМ СИТЕ ПО РЕД!!!

Фејсбук

Јани Макрадули

Уште во 2006 ВМРО-ДПМНЕ влезе во сеча на УКИМ. Сакаше да се реваншира за сите слаби оценки и паѓања како последица на нивното неучење и незнаење. Ги сечеше професорите преку лоши закони и послушни ректори. Ги сечеше деканите кога како попчиња наставата ја почнуваа во црква со литургија каде деканите се натпреваруваа кој поголем пешкир и масло ќе му донесе на Груевски. Се обиде да ги исече студентите ама не му успеа, тие покажаа колку се паметни и пред сè слободни во своите мисли наспроти заробениот ум на многу наши сограѓани. За казна Груевски ќе ги окова во барок, а тоа како и секогаш почнува со сеча на дрва. Дрвата им се криви зошто биле дрва на факултет. А воздухот што нè гуши без дрва, не ѝ пречи на власта, таа и така дише онака како што работат синусите на премиерот...

Фејбук

Румена Бужаровска

Се срамам од УКИМ што го дозволи ова и од академската заедница што молчеше и молчи.

Фејсбук

Мирјана Најчевска

Џабе сите пленуми и кампови кога се дозволи ова.
Се срамам од Универзитетот Св. Кирил и Методиј.
Се срамам од сите прфесори.
Се срамам од ректорот, ректорската управа и сенатот на универзитетот.
Се срамам од самата себе што не успевам да најдам начин да се справам со цепаниците неделкани кои ми ја опустошија државата.

Фејсбук

Владимир Мартиновски

Дури и во 2.30 по полноќ (работна сабота заради „Денот на дрвото“) се покажува дека само еден ден во годината се сади, а сите останати денови и ноќи безмилосно се сече... Резултатите сите ги дишиме, па и тие што го поддржуваат премиерот во заминување. А што ни остава на сите? Сè помалку воздух (и во буквална и во преносна смисла), а сè повеќе долгови за лажниот сјај од стиропор.

Фејсбук

Огнен Чемерски

Десантните опеρации за сечење дρвја во 2 по полноќ се пρават:

1. Затоа што наρодот ги поддρжува
2. За да не се попρечува наставниот пρоцес
3. Поρади дневната зимсκа жега со висоκи темпеρатуρи, а со цел заштита на здρавјето на ρаботниците

Фејсбук

(ВИДЕО) Студенти: Се исекоа дрвја за изградба на студентскиот срам – Универзитетски згради во барок

Да се градат барокни факултети е навреда за студентите и особено е голема иронија со оглед на тоа дека барокни фасади треба да имаат токму факлутетите за информатички науки во 21 век – ова е ставот на Студентскиот пленум.

– Според наши сознанија, Сенатот никогаш не дал согласност за изградба на нови објекти во рамки на УКИМ и градењето на овие две згради е упад во универзитетската автономија, рече Орхан Сулејмани од Студентски пленум.

Кампусот кај УКИМ веќе има проблем со бројот на студенти, па уште неколку илјади студенти да се додат во две нови згради ќе ја влоши и онака лошата состојба и же уништи голем дел од зелените површини и дрвјата.

– Проблематичен е и изборот на барокниот стил, кој не се вклопува со веќе изграденото во кампусот. Сметаме дека е иронија да се гради барокна зграда за факултет за информатички науки. Самиот избор на барокот е длабока навреда на студентите кои се движечка сила во државата, вели Сулејмани.

А1Он

Андреј Жерновски

Сечата на 47 дрвја во автономниот кампус на УКИМ, во 2 часот по полноќ, без одлука на Сенатот на универзитетот и против јасната волја на студентите, е врвот на едно самоволие.

Ме интересира, со кој боксерски удар паѓаат речиси 50 дрва за една ноќ? Може ли тој, со својот уличен речник, да објасни како е ова оправдано?

Додека „неговиот народ“ е длабоко загрижен за сосотојбата со загадувањето, додека во Македонија умираат по 1.000 луѓе годишно поради лошиот квалитет на воздухот, тој реши да исече 47 дрва за да направи барокен факултет за информатички науки! Во сабота, додека сите граѓани мора да се на работа за да го одработат, каква ли иронија, „Денот на дрвото“!

Не е ни чудо што тој се исмева со новите „паркчиња“ во Центар. За него, зеленилото нема значење, нема пари таму.

Не разбира дека во градовите, секоја педа зеленило е важна. Дека во градовите „малите паркчиња“ се всушност од големо значење. Затоа, ние ќе продолжиме со раззеленување и со правење нови паркчиња. Денес и утре садиме 90 нови дрвја и 2.800 грмушки на новото плоштатче на Партизанска, како и во паркот кај Градскиот Sид, позади Домот на градежниците. Ситница за него, но не и за нашите граѓани.

Фејсбук

15 логични објаснувања зошто се исечени дрвата на УКИМ

1. Превенција на самоубиства

Што ако некој се обеси на нив? После општината ќе е виновна затоа што не направила ништо да се спречи суицидот.

2. Дрвата си го барале

Стојат таму ко глупи некои, произведуваат кислород и го оплеменуваат просторот. МИСЛИТЕ ДЕКА СТЕ ПОДОБРИ ОД МЕНЕ? СЕГА ЌЕ ВИДИТЕ ЧИЈА МАЈКА ЦРНА ВОЛНА ПРЕДЕ!

3. Службите ја тестирале опремата

На терен се испробани 42 моторни пили, но тие сè уште не можат да се одлучат која од нив е најдобра. Ќе следува уште еден тест, за брзо на непозната локација.

4. Пијана работа

Се напиле луѓето, пресекле дрва. На кој му се нема случено прв нека напише сататус.

5. Дрвата сами се исекле

Како што вели Коељо, сѐ е возможно!

6. Исечени се во името на архитектурата

Со цел да има подобар поглед кон зградите на факултетите од улица.

7. Исечени се за да има подобар поглед од факултетите на улица

Кога им е досадно на студентите да можат да следат што се случува на улица.

8. Пресечени се за да се намали опасноста од пожар

Ако нема дрва, нема што да гори. Паметно, промислено и систематски изведено.

9. Да не е досадно

Ако не беа исечени дрвата ова ќе беше уште една обична сабота. Вака е сабота со жива дебата по социјалните мрежи.

10. Да се дружат младите

Службите знаат дека после сечењето ќе следува протест на кој ќе се соберат млади лица кои ќе разменуваат идеи и ќе се дружат.

11. За зголемување на наталитетот

На тој протест може ќе се сретнат и заљубат младите кои еден ден ќе имаат 3+ деца.

12. Подобрување на економијата

После протестот многумина ќе се упатат на кафе или пиво со што кафулињата ќе инкасираат 3000 денари.

13. Изградба на градинки, училишта, патишта

Од тие 3000 денари одреден дел ќе се слее во државната каса во вид на даноци кои ќе помогнат за изградба на градинки, училишта и патишта.

14. Вработување на младите

Во тие градинки и училишта ќе мора некој да работи. Со сечењето на двата се намалува невработеноста.

15. Зошто? Затоа што можат!

MOJO

Левица: Овие перверзии мора да престанат!

Најостро го осудуваме сечењето на дрвјата на комплексот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кое се случи ноќеска. Исечени беа 47 дрвја, за да се изградат две барокни згради, кои ќе чинат 13 милиони евра.

Наместо да се градат студентски домови, се градат баркони згради. Наместо да се садат нови дрвја, за да се намали загадувањето, се сечат постојните.

Овие перверзии мора да престанат!

Фејсбук

Студенти на УКИМ: Барокните факултети се апсурд, бараме одговорност за сечата

Сечата на дрвја во кампусот на Универзитетот „Кирил и Методиј“ која се одвивала вчера по полноќ предизвика голем револт кај студентските движења кои бараат одговорност за тоа што се случувало на кампусот ноќеска. Пресечени се 47 дрвја, а во моментов просторот е ограден со цел наскоро да започне и изградбата на два брокни факултета.

-Дојдовме веднаш кога разбравме дека има сеча со цел да се спротивставиме, но поголемиот дел од дрвјата беа пресечени, нема одговор ниту за градежна дозвола, ниту дали има известување од ректоратот, што дава дополнителен сомнеж за нaстаните кои се случуваат. Ова е еден апел до академската заедница затоа што овој простор е наш заеднички, автoномен, денес ние изгубивме 47 дрвја на Универзитетот, она што би се тука градело се проекти кои се апсурдни во својата замисла и ваквиот чин на градење е тотално недемократско размислување, вели Стефан Видиков од младинската организација „Мугра“.

Младинската организација „Мугра“ и Студентскиот Пленум засега се единствените студентски движења кои алармираат за случувањата на УКИМ, додека реакција од ректоратот сè уште нема.

Според Владо Данаилов - надворешен соработник на Архитектонскиот факултет, одлуката за изградба на два барокни факултета во рамките на УКИМ е бескрупулозна, бидејќи не се земени предвид концептуалните параметри кои треба да се почитуваат.

-Самата одлука, носење на планот, целата низа на настани што довеле до овој почеток на градење е многу подло, бескрупулозно, затоа што не се земени никакви локални концептуални параметри кои треба да се почитуваат, мора да сме свесни дека изгубивме скапоцен зелен простор и важно е некој да преземе некоја одговорност, нема да дозволиме да не се соочат луѓето со одговорноста која ја сносат, вели Данаилов.

Како што претходно објави „Призма“, тендери од речиси 20 милиони евра добила градежната компанија „Бетон Штип“ за изградба и партерно уредување на Факултетот за физичко образование и спорт (ФФК) и на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

Предвидено е зградите да бидат во барок стил, а автор на идејните решенија за двата факултета е Жарко Чаушевски.

НоваТВ

Ѓунер Исмаил - Има ли УКИМ нешто/некој што се нарекува(ше) РЕКТОР?

НИКОЈ, ама буквално НИКОЈ не се запраша:

1. Како е донесена одлуката на сенатот на УКИМ за изградба на ДВА ФАКУЛТЕТА на местото на исечените дрвја?

2. КОЈ е ИНВЕСТИТОРОТ на кој се повикува „извршителот“ Коце?

3. КОЈ, КОГА, КАКО се СОГЛАСИЛ тие два факултета да бидат во „барок стил“?

4. Дали денес, утре, или кога било ќе ги видиме професорите на УКИМ на местото на злосторот да ПРОТЕСТИРААТ, или сиот товар ќе падне врз грбот на студентите?

Има ли УКИМ нешто/некој што се нарекува(ше) РЕКТОР?

Фејсбук

Замир Мехмети: Што да се очекува од еден диктатор?!

Што да се очекува од еден диктатор, кој десет години бега од тв дебата?

Што да се очекува од еден диктатор, кој тајно прифаќа промена на име? (Букурешт)

Што да се очекува од еден диктатор, кој промовира нова историја? (СК 2014)

Што да се очекува од еден диктатор, кој бега од земјава кога треба да се признаe друга држава? (Косово)

Што да се очекува од еден диктатор, кој наредува затворање на медиуми? (А1, Време, Коха)

Што да се очекува од еден диктатор, кој кога договара амнестија се крие зад неговите горди послушни пратеници?

Што да се очекува од еден диктатор, во чие време има политички затвореници?

Што да се очекува од еден диктатор, кој се сили пред унија на жени на вмро?

Што да се очекува од еден диктатор кој загубил секаков контакт со реалноста?

Што да се очекува од еден диктатор, кој знаел и криел дека на партиска прослава е убиено момче?

Што да се очекува од еден диктатор кој договара и промовира секави небулозни здруженија за одбрана на татковината од сопствениот народ?

Што да се очекува од еден диктатор, кој кога е фатен жив како прислушува, за тоа обвинува странски служби?

Што да се очекува од еден диктатор,кој има луксузен мерцедес, ама нема муда да се вози со него?

Што да се очекува од еден диктатор кој се плаши од студентите?

Ништо повеќе отколку вака кукавички (навечер) да му нареди на Коце да ги масакрира дрвата!

‪#‎гитла‬

Фејсбук

 

Слики: Странски служби
Насловна слика: Владимир Лукаш

Слични содржини

Јавни Простори / Култура
Активизам / Јавни Простори
Јавни Простори / Став
Јавни Простори / Култура

ОкоБоли главаВицФото