Музеј на природата

15.12.15 16:45

Проектот на финската фотографка Илка Халсо, „Музеј на природата“, ја предизвикува нашата замисла за природната средина на иднината. Фотографиите прикажуваат структури конструирани од човекот кои ја затвораат природа, ја заштитуваат како реликт од минатото. Предизвикувајќи ја интеракцијата на публиката со природната средина како загрозен артефакт, Халсо успева вистински да ја визуелизира иднината која очајно не сакаме да стане стане реалност.

Со сместувањето на природата во музеј, се зема предвид аспектот на публиката / потрошувачите. Природата за туристите станува авантура, или прекрасниот пејзаж се претвора во медитативна театарска претстава. Овие дела повеќе се визуелни памфлети отколку фотографии кои имаат естетска димензија. Дигиталнот процес е констатно присутен, со комбинирање на слободно компонирани пејзажи и компјутерски генерирани 3Д модели. Делата претставуваат визуелизирани градежни планови кои авторката не посакува да бидат реализирани.

Музеј 1, 2003

Работата на Халсо е темелно ангажиран проект кој нè води во идниот свет во кој природата наликува на музејски простор во кој сè е под контрола. Со песимистичката визија која ја даваат сликите, тие би можеле да го најдат своето место во некој вид на на еко-апокалиптичен роман. Како провокативни предвесници, овие дела би требало да се постават во секоја урбана средина, за да нè потсетуваат колку е навистина скапоцен нашиот природниот свет.

Театар 1, 2003


Ролеркостер, 2004

Музеј 2, 2005 (триптих)

Шума на спонзори, 2004 (триптих)

Реката Китка, 2004 (триптих)

Театар 2, 2008

Извор: www.emptykingdom.com

 

ОкоБоли главаВицФото