1019 hPa
65 %

5 °C
Скопје - Вто, 18.03.2025 04:59
Скопје, 17 декември
По легализацијата на медицинската марихуана, премиерот Никола Груевски најави уште една важна реформа, овој пат во образовниот систем.
Имено, секој понеделник, пред започнувањето на наставата, во основните и средните училишта наместо државната химна ќе се интонираат песни од Боб Марли.
„Процесот на бирање песни и албуми од Боб Марли што ќе се пуштаат во училиштата ќе биде транспарентен, пред очите на целата македонска јавност. Реге експерти и љубители на марихуана од нашата партија веќе почнаа да ја подготвуваат плејлистата“, изјави премиерот Никола Груевски за Пара вести.
Тој додаде дека конзумирањето канабис е вековна традиција на македонскиот народ, па логично е една конзервативна, демохристијанска влада да се залага за нејзина легализација, за почеток, само во медицински цели.
„Предвидовме и субвенции за македонски естрадни ѕвезди кои сакаат да снимат реге песни“, откри македонскиот премиер.
„Во меѓувреме, во нашиот штаб веќе се врши тестирање и контрола на квалитетот на марихуаната од земјава и задоволни сме од резултатите“, порача Никола Груевски.
Редакцијата на Пара вести стапи во контакт и со министерот за здравство Никола Тодоров, кој по телефон накратко рече: „I'm gonna smoke'a de ganja until I go blind. You know I smoke'a de ganja all a de time. Хахахаха, јакичко, братчееееееееее!“
Слика: Владимир Лукаш