1012 hPa
59 %

15 °C
Скопје - Нед, 20.04.2025 21:59
Првиот колектив на сексуални работници СТАР-СТАР од Скопје, по осми пат се приклучи кон глобалната акција за солидарност кон сексуалните работници и организираше МАРШ НА ЦРВЕНИТЕ ЧАДОРИ.
Иницијативата за овој ден доаѓа од Д-р Ени Спринкл (сексуална работничка) по извршениот масакр врз сексуални работници во Грин Ривер. Откако бил фатен сторителот на масакрот, таа изјавила: „Имаме потреба од итна акција. Да се потсетиме сите на моите сестри-курви, кои умреле толку ужасно и непотребно. Ние нема да престанеме да маршираме додека нашите сестри курви не се безбедни на улица, ниту дома”.
Црвениот чадор е глобален симбол на сексуалната работа. Црвената е боја на убавината, а чадорот штити од надворешни влијанија, лоши клиенти, макроа...
Фотографии: Ванчо Џамбаски