Акција на граѓаните од Карпош 4 за заштита на зеленилото

20.12.2015 19:47
Акција на граѓаните од Карпош 4 за заштита на зеленилото

Граѓаните на Карпош 4 вчера обележаа еден од парковите кој според предлог ДУП-от за оваа населба треба да се претвори во паркинг. Со таблички со еколошки пораки, како и со лента која физички го обележува просторот што според планот е предвиден за паркинг простор, граѓаните го изразија своето несогласување со овој план.​

Оваа граѓанска акција има за цел да ја крене свеста кај жителите на населбата за точната локација на местата каде што се предвидени паркинзи и згради во населбата, како и за сериозните еколошки и инфраструктурни последици што следат доколку се донесе и реализира овој ДУП.

ОкоБоли главаВицФото