Нискоенергетска населба во Бостон

22.12.2015 05:25
Ниско енергетска населба во Бостон

Бостон стана побогат со една Net Zero населба (населба во која се произведува онаа количината на енергија која се троши). Се користат најнови системи, соларна енергија, системи за собирање дождовница, зелени покриви и прозорци со тројно стакло.

Оваа населба ја проектирале архитектите од Interface Studio, за која добиле сертификат LEED Platinum. Идејата е на овој начин да се популаризираат ниско енергетските и Net Zero објекти во Бостон. На покривот се поставени вкупно 39 соларни панели, кои можат да произведат 10 000 киловолти годишно.

Тројното стакло на прозорците ја зголемува енергетската ефикасност на куќата

Куќите се дизајнирани на тој начин да можат да го задоволат Passivhaus standard и да произведат доволно енергија за потребите на своите жители, да има вишок кој може да се продаде на локалната електро-дистрибутивна мрежа.

Сите куќи во овој проект се триокатни, имаат три спални соби, две засебни бањи и еден тоалет. Фасадата е направена така што се исполнуваат високите барања на LEED и Passivhaus сертификатот. Куќите имаат дворови, а на покривот се наоѓаат големи тераси.


Распоредот на просториите во „Net Zero“ куќите во Бостон

Интересно е да се каже дека и сите уреди во домот се со висока класа на енергетска ефикасност, па дури се водело сметка и на потрошувачката на вода. Вградени се туш кабини, и резервоари со намалена потрошувачка на вода. Исто така, растенијата кои се засадени во дворот се отпорни на суша, за да се намали употребата на вода.

Извор: www.efikasnost.org

ОкоБоли главаВицФото