ТодорOFF, оди си!

22.12.15 15:29

Со транспаренти „Време е за одговорност“, „Нашите животи не се твои партиски поени“, „Министер за смрт“ и извикувајќи „Убијци“, „Оставка“, граѓани и активисти излегоа вчера на протест пред Собрание. Тие уште еднаш побараа министерот за здравство Никола Тодоров да ја напушти својата функција и да понесе одговорност за неколкуте смртни случаи годинава.

Протестот се организира по повод Интерпелацијата што ја поднесе СДСМ за неговата работа, која во Собранието предизвика жолчна расправа меѓу пратениците.

Интерпелацијата доаѓа по смртта на неколку родилки во земјава, особено за случајот во Гевгелија, кога поради алкохолизираност на анестезиолозите почина родилка заедно со нејзиното неродено бебе, без никој да понесе одговорност.

Фотографии: Ванчо Џамбаски

ОкоБоли главаВицФото