Краток исказ за крупното и ситното

22.12.2015 15:33

Крупни работи се ветрот, злото, добриот и срчан коњ, предлозите како видови зборови, неисцрпната љубов, начинот на кој луѓето го избират својот крал. Во ситни работи спаѓаат валканоста, имињата на филозофските школи, расположението и нерасположението, точното време. Сè на сè има повеќе крупни работи одошто ситни, па сепак, има повеќе ситни работи од што овде ги попишав, но станувате потиштен кога правите нивен список. Кога ќе помислам на вас што ова го читате, не би сакала со тоа да бидете ограничувани, отсечени со бодликавата жица и издробеното стакло на сопствениот живот, како некаква Електра.

Превод: П. В.

Ен Карсон (Anne Carson, 1950), мошне ценета и наградувана канадска поетеса, есеистка, преведувачка... Нејзината збирка The Beauty of the Husband: A Fictional Essay in Twenty‒nine Tangoes била прогласена за најдобра стихозбирка објавена во Англија, Ирска и Канада 2001 година. Професорка е по старогрчки, а се занимава и со сликарство.

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото