Протест: уметник истурил 500 евра во монети пред општинската зграда

23.12.2015 02:39
Протест: уметник истурил 500 евра во монети пред општинската зграда

Словенечкиот уметник Марко Брецељ изведе неверојатен перформанс пред зградата на општината во Копар, каде што живее. Имено, од градежна количка тој истури 500 евра во монети, тешки 120 килограми.

Неговата претставничка за медиумите појасни дека на тој начин Брецељ го изразил несогласувањето со културната политика на локалните власти.

„Друштвото на пријатели на умерениот напредок“ добило само 500 евра, вистинска ситница во однос на вистинските трошоци на организацијата на таа летна приредба која трае цела недела и ја збогатува туристичката понуда на градот-пристаниште. 

Извор: BKTV News

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото