Библиотеката „Браќа Миладиновци“ ја додели наградата „Уствари, не“ за најчитан македонски автор

23.12.2015 19:13
Библиотеката „Браќа Миладиновци“ ја додели наградата „Уствари, не“ за најчитан македонски автор

Скопје, 23 декември

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје ѝ ја додели наградата „Уствари, не“ на писателката Лидија Димковска за најчитан македонски автор во 2015 година.

„Со голема радост ја известуваме авторката дека е добитничка на признанието за најчитан македонски автор за 2015 година, а со уште поголема радост ја известуваме дека не е добитничка на истото“, стои во соопштението на библиотеката „Браќа Миладиновци“ потпишано од Пишманка Премисленковска.

Во телефонски разговор за Пара вести Премисленковска објасни дека станува збор за забуна, бидејќи споменатата награда за Димковска важи во категоријата Држ-не-дај, а најчитани македонски автори за 2015 се Блаже Миневски и Велко Неделковски.

За овој потег, Премисленковска и целото раководство на библиотеката „Браќа Миладиновци“ денес добија номинација за наградата „Волшебна евиденција“, која ја доделува Друштвото на проследувачи на книжевни ѓурултии.

Неофицијално, за Библиотеката веќе се подготвува номинација за признанието „Се случува...“, како и за престижната награда „Весела сигнатура“, кои ги доделува фондацијата „Пишман либрис“ од Скопје.