Мртво Скопје во мртва трка

23.12.2015 19:33
Мртво Скопје во мртва трка

Треба дебели нерви, бронзена глава, мермерна снага, коњска сила, броење до шесто и триесет милиони, смисла за сарказам и иронија, за мајтап на сопствена сметка, накратко - потребна е голема доза лудило за да се остане во границите на нормалноста при судирот со таканаречената реалност. Жртви на тоа креирано, сечено и лепено чудовиште се сите, вклучувајќи ги и тие кои, подготвени на сè, мислат дека веќе ништо не може да ги изненади. Но, изгледа навистина нема ништо пофантастично од реалноста (Достоевски).

Типичен пример за таква брутална блиц-средба со непресметливата животна околина може да биде информацијата дека Скопје ќе конкурира за европска престолнина на културата! „За да се оствари оваа цел, освен инфраструктурни и човечки капацитети, потребно е да се покаже и политичка подготвеност и волја да се прифатат европските и светските текови и новитети на полето на културата како приоритетна област за развојот на градот“, изјавил по тој повод Коце Трајановски. Тоа е градоначалникот во чиј мандат беше реализиран налудничавиот, надреален сон на премиерот и негов партиски шеф, проектот со кој сега градот може да се кандидира само за една единствена титула. Македонската престолнина убедливо, без конкуренција, такаречи осамен ќе победи во трката за европска престолнина на кичот. За секоја друга, откако ќе ги снема и „Скопје 2014“ и неговите творци.

Извор: Слободен печат
Слика: Свирачиња

Слични содржини

Јавни простори / Став
Јавни простори / Став / Екологија
Јавни простори / Став
Јавни простори / Култура
Јавни простори / Став

ОкоБоли главаВицФото