Рика Хајвонен

24.12.15 13:24

Рика Хајвонен прикажува еден неочекуван вид на убавина кај спортистките кои постираат фотографии од своите модринки (со ролер дерби терминологијата наречени „бакнежи“ ) кои тие ги носат како беџови на честа. Уметницата ги претвора овие фотографии во големи скулптурални слики.
„Се надевам дека луѓето ќе ја видат убавината на модринките“ – вели Хајвонен.

Хајвонен користи поп, кич елементи, па дури и извесно преувеличување за да се постигне ефектот на сјајот на славата. Нејзините дела се нешто помеѓу скулптури и слики. Модринките кои се нарекуваат „дерби бакнежи“се трофеи, и често се фотографираат и се објавени на интернет.
„Верувам дека овие слики зрачат со ментална сила. Тие покажуваат дека телата на играчите можат да ги истрпат сите удари, да ја надминат болката и пак да продолжат да играат.“
„Очигледно јас целосно ги објективизирам овие жени. Но, го правам тоа токму на начинот на кој тие самите се објективизираат. Нивните големи модринки се значајни и треба да се носат со гордост " – вели Хајвонен.

Извор: www.booooooom.com

ОкоБоли главаВицФото