1013 hPa
78 %
20 °C
Скопје - Пон, 09.09.2024 05:59
Вечерва (25.12.) во ГЕМ Клубот во 20 часот ќе биде промовирана едицијата со сликовници на Темплум, „Во пет кај вртелешките“. Илустраторите Владимир Лукаш и Александар Иванов специјално за посетителите на лице место ќе цртаат посвети на сликовниците, од кои подоцна ќе биде направена и мала изложба.
На промоцијата ќе се претстави и Иван Шопов со настапот Како да му се објасни едицијата „Во пет кај вртелешките“ на плишан зајак.
Во споменатата едиција досега се објавени книгите „Нешто друго“ од Кетрин Кејв и Крис Ридел, „Глувци и мачки наопачки“ од Луко Паљетак, „Цветот што носи среќа“ од Михо Атанасовски и „Плишаниот зајак“ од Марџори Вилијамс.
* * *
Александар Иванов (1978, Штип) е илустратор na книгите „Цветот што носи среќа“, како и на претходната книга во едицијата „Во пет кај вртелешките“: „Глувци и мачки наопачки“ од Луко Паљетак.
Правел мозаици,
сликал икони и фрески,
книги за деца,
и многу одел пешки.
Ах, смешки...
Живее и работи ваму-таму,
понекогаш овде,
понекогаш таму.
Владимир Лукаш е роден во Скопје, 1978. Има страв од скакулци и од лоши зајаци. Живее и работи во Радишани. Досегашни негови илустрирани детски книги се: „Досие: Планета Икс“ (2009), „Досие: Ѕвезда Немезис“ (2011), „Досие: Универз Ум“ (2012) од Бранко Прља, „Како така? Зошто така? С да знае светов сакал!“ (2014) од Славко Јаневски и „Плишаниот зајак“ од Марџори Вилијамс.
* * *
Подолу претставуваме илустрации на Александар Иванов за сликовниците „Цветот што носи среќа“ и „Глувци и мачки наопачки“, како и илустрации на Владимир Лукаш од сликовницата „Плишаниот зајак“.
Глувци и мачки наопачки
Цветот што носи среќа
Плишаниот зајак