Јас го мразам народот, а Груевски и бандата работат за негово добро?!

29.12.2015 01:06
Јас го мразам народот, а груевски и бандата работат за негово добро?!

Факт е дека ги исекоа дрвјата. Јас го мразам мојот народ со тоа што го кажувам ова или го мрази тој кој ги пресече?

Факт е дека денес умираат повеќе бебиња отколку пред 10 години. Јас го мразам мојот народ што го кажувам тоа или тој кој го дозволи ова?

Факт е дека во Скопје нема трамвај. Јас го мразам мојот народ што го кажувам тоа или тој кој излажа дека ќе овозможи трамвајски превоз во Скопје?

Факт е дека денес сме подалеку од Европа отколку пред 10 години. Јас го мразам мојот народ што го кажувам тоа или тој кој од позиција на власт нè оддалечи од Европа?

Факт е дека денес има многу повеќе администрација отколку пред 10 години. Јас го мразам мојот народ што го кажувам тоа или тој кој излажа дека ќе има мала и ефикасна администрација?

Факт е дека Македонците умираат 8 години побрзо од Европејците. Јас го мразам мојот народ што го кажувам тоа или тој кој од позиција на власт не обезбеди соодветни услови за живот?

Факт е дека беше дозволено увезување стари автомобили, автобуси и камиони кои енормно го загадуваат воздухот. Јас го мразам мојот народ што го кажувам тоа или тој кој донесе ваков закон?

Факт е дека македонските деца се наоѓаат на дното на знаењето во Европа. Јас го мразам мојот народ затоа што го кажувам тоа или тој кој од позиција на власт си игра со образованието?

Факт е дека од Македонија се иселуваат голем број луѓе. Јас го мразам мојот народ затоа што го кажувам тоа или тој кој не создава услови тие луѓе да посакаат да останат во Македонија?

Уште некое ѓубре да ми каже дека јас го мразам мојот народ, а дека Груевски и бандата работат за негово добро и ќе ми препукне филмот. Најсериозно.

Извор: Фејсбук профилот на авторката
Слика: Александар Јосифовски