Шведска го одби британскиот модел на ниски плати

30.12.2015 01:19
Шведска го одби британскиот модел на ниски плати

Шведските власти соопштија дека во наредниот период нема да го прифатат „британскиот модел“ на ниски плати. Министерката за финансии Магдалена Андерсон изјави дека Шведска ги отфрла повиците да се воведе т.н. британски модел.

Како што пишува Local, министерката додаде дека е многу скептична дека Шведска наскоро би можела да ги намали платите во земјата:

„Парламентот и владата не се тие кои ја одредуваат висината на платата. Тоа е нешто за што одлучува пазарот на труд“, рече Андерсон.

Шведската министерка за финансии изрази сомнеж во идејата да се промени даончниот систем за да им се овозможи на компаниите да даваат плати кои се пониски од приходите што им се потребни на луѓето за достоинствен живот.

Инаку, британскиот модел е базиран на големи даночни олеснувања комбинирани со ниски плати. Од друга страна, платите во Шведска се многу високи со значително високи даноци.

Одредени политичари во Шведска изминативе денови ја повикуваа владата да воведе модел на ниски плати за да зајакне економијата на оваа скандинавска земја.

Извор: www.thelocal.se

ОкоБоли главаВицФото