1011 hPa
88 %
14 °C
Скопје - Нед, 06.10.2024 02:04
ИЗБОР ОД „БОМБИТЕ“
Со динамит тоа, да не ја тупиме пак
Миле Јанакиевски: Во Гостивар знам огромен објект. И Бејта баш спомна некни за него.
Никола Груевски: Е па терај. Не чекај. Со динамит тоа, да не ја тупиме пак.
27.02.15.
Куртон се вестите на Сител
Да не претеруваме со толку нарачки. Куртон се вестите. 7 од 12 прилози во вестите на Сител се прилози по нарачка.
Драган Павловиќ Латас, 25.02.15.
Од понеделник апсам
Од понеделник апсам, Љубе ќе го ебат наркомани во Шутка, мамицата да му ја ебам.
Сашо Мијалков, 20.02.15.
Сите во ендек ќе ги најдат!
Кажи му дека он, жената, децата, све у ендек ќе ги најдат... Мајката да им ја ебам јас нивна комунистичка нивна педерска!
Мартин Протоѓер, 06.03.15.
Има ли од МВР вешт или да појде да види, ако може да ги отвориме без да се сецка?
Е сега, избирачкиот материјал е во една просторија кај што имаме клуч. Тие се заврзани во едни црни вреќи, како што ми објаснуваа, и имаат од оние пластичнине, ако ти текнува, што се затегнуваат, пластични едни? Има ли од МВР вешт или да појде да види, ако може да ги отвориме без да се сецка?
Миле Јанакиески од Сашо Мијалков бара да му испрати вешти обивачи од МВР; 10.03.15.
Ми идеше да му грабнам телефон да му ја скршам главата
ЗС: Да ти кажам ноќеска каква порака добив ми се смачи што ми идеше да му грабнам телефон да му ја скршам главата.
ГЈ: Ја ти викам…
ЗС: Нè тера да напраиме незаконско нешто. Не ја, Миле и Владо треба да потпишат со тие Кинезите и нејќат луѓето да потпишат. И во право се што нејќат.
Зоран Ставрески и Гордана Јанкуловска; 02.03.15.
Ние сме лудаци
ГЈ: Да помине годинава. До година ќе биде подобро. Ама не е подобро. И само ги влечеме опашките.
ЗС: Горде, и да е подобро, ние додаваме, нон-стоп, толку многу трошоци и обврски да не постои нормална земја у светов, Америка да бевме па ќе, немаше да издржиме. Нема седница на Влада, нема седница на Економски совет, сега и тие комитетите ги креиравме, на секое од тие седници доаѓаат креативни идеи што да се прави. Патеки околу ова, патеки околу она, аква паркови...Не знам што праиме. Мислам, ние сме лудаци. Ние сме лудаци. Ова што го правиме е ненормално. Тоа треба да го разбереме дека е ненормално.
ГЈ: Идиотска е состојбава.
ЗС: Ние сме лудаци. Ние трошиме на чоколада а немаме леб дома, тоа праиме ние.
ГЈ: Е баш така праиме. Види, ние кратиме, свесно, ирационално се однесуваме. Ги сведуваме основниве функции под минимум, не се ни на минимум, а ваму градиме не знам шо. Државата не ни функционира.
Зоран Ставрески и Гордана Јанкуловска; 02.03.15.
НАЈЛУДИТЕ ИЗЈАВИ ВО 2015
Груевски е најавен како душа
Груевски е најавен како душа која ќе дојде во младо момче која во последен миг ќе ја спаси Македонија.
Ниче Македон, Либертас, 23.07.15.
Во некоја друга земја тие ќе беа сецирани
Прекинете со ронењето солзи и кинењето срца за азилантите, во некоја друга земја тие ќе беа во карантин, со лисици на рацете, врзани на хируршки маси, сецирани за испитување.
Нина Јанева, пејачка; Фејсбук, 16.06.15.
Курвински сакате да дојдете на власт со помош на црни магии
Ви помина рокот Заев-Југенд камперисти од пред Влада. Маските ви паѓаат една по една, ви се ронат од лицата. Ви се љуштат. Под нив анемични души, омразен Бог, замразени колеги, неверништво, сатанизам… Курвински сакате да дојдете на власт. Со помош на црни магии, предводени од фанатичен, умоболен канибалист? Вие сте флертувачи со слободата. И неа не ја сакате автентично. Бидејќи автентичноста е соодветна за чесните луѓе.
Му објавивте војна на македонскиот народ. Вчера и објавивте војна на Европа. Утре ќе им објавите војна на Путин и Обама. Задутре на Светот ќе му објавите војна. А позадутре на Вселената. Вие сте расколот на Македонија.
Мери Георгиевска, Infomax, 11.06.15.
Сето тоа што го градела ВМРО-ДПМНЕ како демохристијанска партија, тој го разурна за време на строг пост
Недозволиво е во време на пост, христијанин на христијанин да ви фрла грозни бомби. Малку да има памет лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ќе рече јас ова не го правам за време на пост. Ова е цело време во текот на строг пост. Ова е поткопување на религијата, на демохристијанскиот принцип, на културата, на традицијата. (...)
Заев растура сè. Градејќи го ова за време на пост, ние доаѓаме до социолошко-психолошкиот момент - карајте се, убивајте се, Македонци не сакајте се. Ајде ќе се удавиме сите меѓусебе. Направи таква методологија, за време на пост да го разруши принципот. Сето тоа што го градела ВМРО-ДПМНЕ како демохристијанска партија, тој го разурна за време на строг пост.
Валентина Божиновска, Република, 08.04.15.
НИКОЛА ГРУЕВСКИ (вечен главоломец)
Јас мислам на вашите деца!
Родителите очигледно не размислуваат баш за иднината на своите деца на долг рок. Затоа ние мислиме.
Премиерот го коментира воведувањето на екстерно тестирање; Телма, 24.09.2015.
Инсинуации се тврдењата дека власта сама себе се прислушувала
Инсинуации се тврдењата и не знам кој верува во тоа дека власта сама себе се прислушувала. Двајцата агенти во МВР целосно признаа пред истражните органи дека нарачките за нелегалното снимање и парите ги примале од Зоран Верушевски.
Не знам уште колкумина веруваат на приказната од типот дека ние сами себе сме се прислушувале, Мијалков сам себе се снимал, јас сум се снимал себе и слични глупости и инсинуации, но знам дека има една работа од која сите овие заговорници на оваа теорија бегаат како од ѓавол, а тоа е дека двајцата ангажирани агенти на Верушевски, од кои едниот бил главен инженер во МВР вработен во 1993 година, а вториот бил шеф на Петтата управа во времето на Верушевски, целосно признаа сè што било и како било. И токму пред истражните органи, пред сведоци, пред вклучена камера која во согласност со закон го снимила нивниот исказ, пред обвинител, со личен потпис, и во целосна законска процедура. Двајцата си кажале дека нарачките за нелегалното снимање и парите ги примале од Верушевски, кој гордо им кажувал дека работи за странска разузнавачка служба.
Утрински весник, 28.06.15.
Задните намери на мајката на убиеното дете
Втор услов што поставиле од тоа што сум информиран е дека сакале да биде примена во присуство на медиуми, камери, новинари, што укажува на некои други намери.
Изјава во дневник на Канал 5, за барањето на мајката на Мартин Нешковски да биде примена на разговор кај премиерот, 6.05.2015.
Јас велам никој нема да ми каже фала
Еден пријател неодамна ми вика: Кој ќе ти каже фала за загубеното време, кое никогаш нема да можеш да им го надоместиш на твоите деца. И кој ќе ти каже фала за истрпените навреди, клевети, омаловажувања, понижувања, местенки и монтажи, на кои човек и да е од железо не може да остане рамнодушен. Јас велам никој нема да ми каже фала и не очекувам да ми каже фала. Многумина ќе ме мразат затоа што не си реализирале некоја нереална амбиција, а вината не ја бараат кај себе, туку кај мене.
На конгресот на ДПМНЕ; Вест, 03.05.15.
Сериозен елемент на неавтентичност
Разговорите имаат сериозен елемент на неавтентичност.
Во Собрание; Плусинфо, 26.03.15.
АЛЕКСАНДАР СТАНКОСКИ (класик на главоломството)
ГТЦ е еден вид архитектонски и градежнички монструм
Всушност, ГТЦ е еден вид архитектонски и градежнички монструм, резултат на еден политички тоталитаризам, кој многу лесно се гледа низ архитектурата како уметност, во огромна мера обусловена од тековниот политички дискурс. Но и покрај сите акомодации на комунистичката интелектуална и творечка тиранија, ГТЦ остана недоизграден, а и локацијата на која е поставен е повест полна со трагична деструкција.
Утрински весник, 09.11.15.
СК014 како Палмира?!
Омразата кон проектот „Скопје 2014“, кој ги исполнува лажните револуционери и авангардисти со неартикулиран гнев, е аналогна на омразата што припадниците на ИСИС ја имаат кон археолошкиот локалитет Палмира во Сирија, каде што џихадистите на современоста се легитимираа во целата своја игнорантност и малоумност низ процесот на уништувањето на артефактите, но и низ манијакалното убиство на стариот 82-годишен археолог и пасиониран поклоник на културните вредности на човештвото.
Утрински весник, 09.11.15.
Казната ќе ви биде страшна и сурова
А јас ќе им порачам за крај – готови сте. Вашата подмолност и злоба е повеќе за жалење, отколку за страв во овие времиња на разоткривање на вашите недела.
Со вашата игноранција и глупост воопшто не сфаќате со што си играте. Казната ќе ви биде страшна и сурова.
Кога пеколот ќе ги проголта вашите погани души, конечно ќе сфатите какви злодела, всушност, сте правеле и колку нечовечност сте емитирале во вашите ареали на влијание.
Можеби камшикот на нечестивиот кој во рацете на вашите демонски господари силно удира по животинските ви грбови и вашите дејанија ги обусловува со страшни и болни закани, сепак, вашата мизерна и бессловесна послушност станува инструментариум за општото ширење на злобната деструкција, а вие сте, секако, еден значаен дел од тој нечовечен систем.
И затоа ве чека страшната казна, која ќе го разнебити вашето царство, а вас ќе ве фрли во пеколот.
Република, 22.10.15.
Исфрустрираниот и скршен пентаграм врти накај Белград
Ако случајно го погледнете Собранието од птичја перспектива, ќе забележите дека тоа, всушност, е еден пентаграм. Едната страна му е скршена, со што му е оневозможена наполна дистрибуција на моќта и на тој начин овој конструкт е ставен во зависна и сервилна позиција во однос на супериорната институција на моќта позиционирана во Белград. Потоа, неговата географска поставеност, каде што базата на овој пентаграм е свртена кон север, а врвот кон југ. Со тоа, овој и така исфрустриран и скршен пентаграм е поставен наопаку, во сатанистички контекст, каде што спиритуалнтата страна или страната на ’боговите‘, т.е. северната страна, таа што тежнее нагоре, кон небесата, ја добива инертната и ирелевантната база на пентаграмот, а врвот и тежнението кон реализација на волјата на народот и моќта е свртен кон југ, што во херметиката ја одразува материјалистичката и телесна страна на постоењето. Така, всушност, се создаваат робови и поданици. Масите да се насочат кон материјализмот и консумеризмот, а доблестите и спиритуалноста да се потиснат до заборав и непостоење.
Утрински весник, 17.04.15.
„Да останеш без газда во овој свет, каде што секој и сешто има газда, е позиција, безмалку, шизофрена“
Овој зачаден и поцрнет лик со многу еластичен ’рбет и кабалистички склоности, петардата ја добил од неговите верни спонзори од надвор. Југот секогаш будел романтични чувства, еротика и авантура. Но, при последното сослушување пред народот, неговите верни спонзори ја загубија власта, а нашиот опозициски шампион со ова се најде на бришан простор. Новиот владетел на една од нашите соседни земји има поинакви интереси и стратегии, така што нашиот опозициски шампион остана без газда.
А да останеш без газда во овој свет, каде што секој и сешто има газда, е позиција, безмалку, шизофрена. Така овој неверојатен опозициски шампион на несмасноста и илузијата стана глинен гулаб за мноштвото натпреварувачи во стрелање. Канонадата почна, стотици истрели го разнесоа глинениот гулаб. Но, во оваа чудна реалност тој останува неповреден, а така е, зошто ова е реалност од цртаните филмови, каде што секој преживува.
Република, 13.02.15.
Слики: Свирачиња
Досегашните шампиони: