Дали во суштина сакам само секс?

30.12.2015 21:17
Дали во суштина сакам само секс?

Сите мои секс комбинации се тажни приказни. Се сеќавам на првата, тоа беше едно момче со кое се бакнавме во еден клуб. Се договоривме да се видиме тие денови. Имав 23 години и дотогаш имав секс само од љубов. Со тие дваесетина години, постојано си повторував себеси дека сексот не треба да ми претставува некој специјален настан. Не можам вечно да кријам колку имам трема. Облеков фармерки и едно убаво розово џемперче со светки, имав дури и некои шарени гаќички од H&M на кои бев исклучително горда, бидејќи беа од странство.

Тој живееше во Вождовац, веднаш до црквата, јас во Звездара, и додека чекав четиринаесетка, си мислев дека „тоа е тоа, ако дојде, одам, ако не дојде, не одам“. Цврсто го држев малиот пластичен мобилен телефон во рацете и се препотував. Ја најдов зградата и влегов. Тој ме дочека со широка насмевка и седнавме на некој мини кауч со портокалова јамболлија. Живееше со неговата сестра во изнајмен стан.

Имаше девојка. Јас, како и обично, бев лудо заљубена во некој кој не ме сака, па бев цврсто решена да го променам својот живот, да станам поинаква, помодерна, подобра, да имам повеќе секс и да бидам посреќна. И еве ме овде, како се обидувам да го променам животот во некоја гарсониера во Вождовац, додека седам во непријатна тишина со човек кој вторпат го гледам. Мислев дека ќе изгорам.

Тоа е како кога го чекаш првиот бакнеж, само што можеби нема да има прв бакнеж, бидејќи можеби пред да те бакне, ќе ти ја пикне раката под маицата, фармерките... Не знам, можеби да се почне со бакнеж некогаш е полесно, понекогаш потешко. Ние се бакнавме.

Знам дека е полесно ако си малку поднапиен, или слично, но возбудата на првиот сексуален престап беше нешто автентично, целото тело ми пулсираше од страв, срам и возбуда. Сексот, во однос на тоа беше многу ослободувачки, како простор на сигурност и слобода. Топлината која ја почувствував таа ноќ од блискоста со тоа момче кое одвај го познавам, беше нешто што целосно ме промени.

Немаше никакви очекувања. Не морав да ја зачувам врската/односот (бидејќи такво нешто не ни постоеше), не морав да се докажувам, не ми беше грижа дали ненамерно ќе го повредам, како некој да ги спакувал во еден куфер сите мои доцно-адолесцентски маки и да го исфрлил тој куфер. Утрото се прегрнавме како најдобри пријатели и за да не се сфатиме погрешно, тој го изговори она што веќе го знаев: „Знаеш дека ова е само секс, нели?“ Тогаш јас кимнав со главата, реков: „Знам“, и се насмевнав.

А денес сум убедена дека сексот без обврски е подобар од сè друго што ни се нуди.

 

Сексот без обврски е најдобриот секс

Споменав дека сите мои секс приказни се тажни приказни, не затоа што, и покрај прекрасниот секс, потоа не сме се забавувале, туку токму затоа што го правевме тоа. Секогаш кога сум се обидувала со некого да имам само секс, и кога тој секс (веројатно затоа што тоа било само секс) бил одличен, ослободувачки, полн со почит и разбирање на некое телесно и животно рамниште. И јас, и сите други со кои сум имала секс, посакувавме тоа да биде така постојано, па влегувавме во долги љубовни врски во кои најчесто завршувавме со многу болка и страдање. А преубавиот секс без обврски се претвораше во недоверба, стравови, обвинувња и високи патријархални очекувања. Врските завршуваа, остануваше само тагата и разочарувањето. И така некако развив некој одвратен и ограничувачки страв од врски.

Кој, како и кога сексуално ме образувал

Можам да го премотувам филмот напред-назад милиони пати, и пак не ми е јасно како овие мажи, од насмеани и опуштени момчиња со кои радо имав секс и со кои разговарав за сè и сешто, се претвораа во луѓе кои не можат да излезат на крај со мене, кои ме навредуваа или повредуваа, кои почнуваа да лажат или нешто да сокриваат, кои ги оставав или ме оставаа во солзи. Но, ова не ми се случува само мене. Еве, обидете се да се сетите за што последен пат сте се скарале со личноста која ја сакате.

Опсегот на љубовните караници се движи во еден маѓепсан круг од недоверба и незадоволство, преку горчливи меѓусебни обвинувања, до резигнација, премолчување или лаги. Некогаш почнува од начинот на кој некој работите ги остава зад себе, понекогаш поради погрешен поглед или превртување со очите, но како и да е, сето тоа на крај завршува во пеколот на викање и плач, трескање врати или свртување грб во кревет, во најдобар случај. Во најлош случај, некој добива шлаканица.

Колку секс има во сексот без обврски

Бидејќи никогаш не сум била успешна во секс комбинациите, затоа што или се претворале во долги и макотрпни врски, или завршувале во фиоката за „секс за една ноќ“, направив анкета за тоа како и колку често во суштина луѓето имаат секс во такви комбинации на секс без обврски. Резултатите беа поразителни, бидејќи дознав дека луѓето со нивните партнери кои им служат исклучиво за секс, во просек имаат секс еднаш месечно и дека често не се задоволни од тој сексуален однос.

Тоа практично значи дека ако не сте во врска, потребни се четири секс комбинации за да ја изгаснат нормалната потреба за секс според која сексот би се случувал еднаш неделно. За жал, не познавам никој кој успева да одржува постојан прилив на секс со повеќе од две лица, со исклучок на јавните личности кои можеби на располагање имаат обожаватели, луѓе кои се на специјализирани форуми, или музичарите (отсекогаш се зборувало дека музичарите многу често имаат секс, но ете, за жал, јас не знам да свирам).

Доколку го имаме предвид фактот дека повеќето од луѓето околу мене не се во постојани врски, тоа е доста поразителна статистика. Заклучокот кој го извлеков е дека луѓето „природно“ мораат да тежнеат кон остварување на врски, бидејќи во врските ќе обезбедат извор на постојан секс, а она што е уште попоразително е дека овие врски ќе се одржуваат поради каков-таков сексуален однос, и покрај „непомирливите разлики“.

Клучниот момент кој ја определува иднината на една секс комбинација е почетокот. Многу ретко се случува луѓето уште на почетокот да знаат што сакаат, бидејќи почетокот секогаш е поврзан со запознавањето. Сексот исто така ги поврзува луѓето, токму затоа некои луѓе го избегнуваат или го сведуваат на „еднаш месечно“. Просто е невозможно некој да го стави својот пенис во мене, а да го скрие сето останато (најмногу алудирам на јамболлијата, која е невозможно да не се забележи.) Од моето искуство, со оние кои не криеле ништо, сексот бил најдобар.

Но, тешко е да се биде искрен со себе, а уште потешко со другите, и да се признае разбирливата и недвосмислена форма, дека добриот секс е можеби единственото нешто што го делите, и дека тоа не е помалку вредно од, да речеме, вкус за филмови или професионални предизвици, но многу често, тоа не е доволно за врска. Романтичните идеали од нас бараат да го идеализираме одличниот секс и ни наметнуваат да исфантазираме дополнително врзување со некого со кого делиме (само) многукратни оргазми. Како што потврди анкетата, сексот е ретко убава забава во нашето општество, па луѓето често додаваат различни и збунувачки чувства во сексуалната блискост.

Не сакам softcore бакнежи и рози

Во врските, со длабоки и лирски чувства, сексот по правило се претвора во во softcore романса од осумдесеттите години. Се гледаме во очи, ги зариваме прстите во нашите коси и се обраќаме еден кон друг со инфантилни деминутиви, уживаме во појадокот или прдуцкаме под јорган додека гледаме филм. Во такви ситуации се губи секаква контрола, а подароците кои сум ги добивала за годишнини и родендени се движеле од саксии со цвеќе, фротирски пижами, до книги, филмови, практични парчиња облека.

Ништо од посетите на секс шоп, ништо од провокативната долна облека, изненадувачкиот, ненадеен или возбудлив секс на невообичаени места. Често имав чувство дека за луѓето кои ме сакаат недвосмислено се претворам во асексуална личност покрај која имаат желба мирно да спијат. Таа сексуална неутралност во врските, и немоќта нешто да променам, бидејќи не сум сакала да ги изгубам прекрасните и благородни чувства кои ги имале за мене (и јас за нив), ме довеле во парадоксална ситуација.

Најлошата забуна што ја доживеав е неразделно и вистински да се зближам и да се врзам токму поради искреноста и отсуството на (романтични) илузии, врвниот секс да го поистоветам со непостоење на сублимирани емоции како што се заљубеност или романтична љубов. Слободата кон која отсекогаш сум се стремела, бескрајното разбирање и искреност за мене станаа можни само доколку јас или некој друг, не сме многу пристрасни во однос на возбудите кои ги доживуваме во времето на вљубеноста.

Одржував едно апсурдно верување дека можам да бидам целосно искрена и да зборувам некому за моите најинтимни фантазии само доколку не се плашам дека тој некој ќе ме отфрли (што е вистина), или, ако воопшто не се грижи, дури и во случај да ме отфрли (што е бесмислено). Иако веќе пишував за тоа дека заљубеноста не ми се случува често и дека не сум некој фан на пораки со срца кои се вртат, ме мачи идејата дека заљубеноста нè тера постојано да се претставуваме подобри отколку што сме (односно, повеќе или помалку лажно) и со години неминовно да се соочуваме со исчезнувањето на илузија и тешкото и болно неприфаќање на суштинските делови на нашето битие, како што се, на пример, различните сексуални фантазии. Кој барем еднаш не посакал да го сака партнерот поради тоа што тој е или и покрај тоа што е, веднаш нека престане да го чита овој текст.

Со врзување и без врзување

Како резултат на тоа, верувајќи дека тоа е невозможно, најблискиот и најотворениот однос не сум го остварила со луѓе со кои сум била во врска, туку со оние на кои воопшто не им било грижа за мене, барем не на љубовно-романтичен начин. Кога сфатив дека практично сум неспособна да изградам искрен и отворен партнерски однос, паднав во тешка депресија, а сè што знам за врските, сето она што сум го доживеала и сето она што го очекувам од меѓусебниот однос на двајца луѓе, ми стана неразбирливо и комплицирано.

Со идејата дека е можно да се биде отворен и искрен само со отсуство на заљубеност, ме обзеде тежок патос и разочарување, кое е стопати потешко од каква било тешкотија која раскинувањето на романтична врска може да ја предизвика. Таа тага која ја чувствував поради промашеноста на човечките односи, отсуството на вистинска интимност во романтичните врски и сопствената и туѓата неможност вистински да ги прифатиме другите луѓе, да не им робуваме на конвенциите и едноставно да се сакаме и да уживаме во заедничкото време и блискост како што тоа го правиме во пријателството, можеби може, покрај тешки депресивни епизоди, да се наведе и како егзистенцијална криза.

Бидејќи секс комбинациите се тажни искуства, одлучив веќе да не ги практикувам. Не затоа што верувам во врски. Напротив, воопшто не верувам во врски. Но, мислам дека сè уште не сме на она ментално ниво на развој на кое би можеле на сексот да гледаме само како на секс, односно секс без обврски, општествени конвенции, без сомнителни очекувања, навреди или етикети, туку да го перцепираме тој чин како убаво и пријатно искуство. И не е чудо што не можеме. Сите околу нас го сатанизираат сексот, па во секоја прилика споменувам како медиумите и гласините кои се шират, прават разлика меѓу два типа жени, едната е перцепирана како „мајка“, а другата како „курва“.

Кога велам курви, не мислам на сексуалните работнички, туку на колоквијалниот термин кој се користи за оние жени кои „не се за врска“, кои никогаш нема да ги запознаеш со своите родители и твојата баба од село, кои нема да ги одведеш пред олтар и никогаш нема да го посадиш своето свето семе во нивната утроба, и од нив нема да израснат твоите деца, бидејќи тие не се достојни за тој благороден чин. Но, добри се за секс.

Хетеро-норматив, стара Грција и шепотење на перница

А кој мене ми е добар за секс? Речиси никој. Би одлучила да се омажам од различни причини. Би се омажила со некој што зборува добро, со некој што изгледа добро, или некој паметен, хемичар или некој што работи во хотел, со добар писател или фотограф, но сексот... Сексот е навистина сериозна работа. И покрај свесноста за тешкотиите на вистинското врзување, како да имам секс без обврски со некој кој мисли дека сексот е нешто валкано, помалку вредно, или во најдобар случај – дека тој чин е еднонасочна улица која води до врска, брак, до „круната на еден успешен однос“.

Тоа е како свесно да се претворам од убава и предизвикувачка „девојка за секс“, во чевли со стаклени потпетици (ова е стилска фигура, не носам чевли со стаклени потпетици за време на секс), во босонога Пепелашка, жена без слободно време и без фризура која е хистерична поради тоа што тој доцни за ручек, кој сум го подготвувала со часови или нешто слично. Како да посакам врска, кога врската во општеството кое негува хетеронормативни и патријархални вредности од 5 век п.н.е., за мене како жена, значи и помалку почит, помалку љубов, повеќе омраза (Жижек / Хорват, ве поздравувам!), и пред сè, помалку искреност и секако помалку секс отколку само сексот.

Понекогаш фантазирам за тоа дека кога ќе има војна, ќе отворам бордел на Теразие, дека заедно со истомислениците ќе бидам сексуална работничка, во некој вид нелегална привремено- повремена комуна која би работела по принципот на комбинација од доброволен, безбеден, и неосудувачки секс, музички и литературни вечери, игралиште, продавница за миленици и контраразузнувачки служби. Замислувам на истото место да се соберат сите индивидуи протерани и измамени од страна на општеството (кои ги има сè повеќе и повеќе), за да истражуваат заедно какви заедници и каков вид човечки односи се подобри од овие кои сега сме во состојба да ги имаме и кои нè измчуваат.

Комплицирано

Секогаш кога некој маж на перница ми зборувал за своите најинтимни желби, кога се претворал во момче кое нешто посакува, во нешто верува, или нешто се прашува, ослободен од страв од осуда или недоверба, сум посакувала секогаш да бидам курва на која ќе ѝ се доверува, која нема да ја лаже, и која поради тоа секогаш ќе биде на негова страна (добро, освен што и курвите, како и психоаналитичарките, се платени за тоа). Пред некој ден, индиспонирана од денешницата, напишав на Твитер: Кога би живеела во стара Грција, јас би била онаа „риба“ Хетера, која на пауза од секс, фино се дотерува и зборува за политика и филозофија, и за тоа секако е добро платена.

Налик на онаа цртичка на почетокот, се исправам, се соблекувам, но наместо насмеан и опуштен човек на кој му е мило што ме гледа, наидувам на некој груб и огорчен лик кој сака да ме малтретира додека не одлучи дека е доволно, потоа станува и се закопчува. На тоа останувам без зборови. Не знам дали е полошо кога има голем или мал пенис. Не знам дали е полошо да има или да нема девојка, дали е подобро да имал секс со многу жени или да немал доволно, дали е подобро да ги сака или да ги мрази жените. Не знам дали е подобро да е маж или да не е тоа. Често не умеам да изберам, па само продолжувам понатаму. И тоа не затоа што не сакам секс, туку токму поради тоа што сакам.

Одбивна ми е идејата колку луѓето погрешно го доживуваат сексот. Кога ќе се сетам како одигруваат некое замислено сценарио, како се натпреваруваат или се обидуваат да ги импресионираат оние кои воопшто не им е потребно некој да ги импресионира. Со најдобриот пријател често цитираме дел од едно интервју на Death Grips, во кое MC Ride ја кажува добро познатата реченица: „Не сум баш воодушевен од човечките достигнувања“.

Отприлика, тоа е мојот генерален став, за сексот и за животот. Тешко чии било вештини, талент или перформанс ќе ме остават без здив. Најмногу ми е тажно тоа што луѓето постојано продаваат фори наоколу, постојано комплицираат и излегуваат смешни. Еве, ако никој не сака да го каже тоа, ќе го кажам јас: Секогаш кога имитирате финти од порно филмови, глумите бучни лажни оргазми или ги плескате жените по задник (освен ако тоа самите не го побарале) сексот се претвора во нешто застрашувачки бедно, нешто налик на источноевропска пародија на MTV. Во најдобар случај забавно, но сигурно не и одлично.

Малку среќа, зарем премногу барам?

Сум се заљубувала во луѓето низ сексот, најмногу додека грешеле, кога мислеле дека се смешни или бедни, додека од срце се труделе. Не ме одбива доколку некој е смотан (тоа би било навистина одвратно), но ајде да речеме дека најмногу од сè ме трогнува она природното, човечното. Си мислам, каде си тргнал, и ти сакаш да имаш секс, пред малку си се скоцкал во некаков фраер, а малку треба за да се распаднеш. Но, внимателно запираш, се загледуваш во несовршеноста на кожата во бањата пред огледалото, избираш музика, а си тропкал со нога во место пред да пристигнам, и кога реков дека ќе доцнам, ти се испушти пцовка и за малку ќе се премислеше.

Посебно фасцинантна ми е храброста, одлучноста на некого да има секс, додека во исто време знае дека не постојат никакви сличности меѓу него и порно актерите или спортистите, бидејќи има стомак, има малку коса, а и пенисот му е мал, можеби и малку крив, и не може туку така на вратата, или можеби би сакал сè да се случи веднаш, и сето тоа за две секунди... Никој не е совршен, никој не ист, секој е непоторлив, а тоа е истовремено најтрогателното и најубавото во сексот.

Понекогаш мислам дека премногу барам кога станува збор за сексот. Премногу е да сакаме некој во кревет да не ги внесува сите фрустрации, да имате фин секс, спортски и фер, да го сака и да го прифати моето и своето (особено своето!) тело, да нема секс со мене од очај, тага, осаменост и да не се чувствува виновен по сексот со мене. Да не ме избрка на улица, или да не се обиде да ме убие, па потоа да ме закопа за да ја уништи секоја трага од тој страшен чин. Сексот е чист. Зошто да немаме секс почесто? Зошто да не водиме сметка за контрацепција и заштита од сексуално преносливи болести?

Не мораме да ги сакаме баш сите луѓе со кои имаме секс, но зошто елементарно да не почитуваме некој кој е доволно храбар и подготвен да се соблече пред нас, да се разголи и надворешно и внатрешно? Зошто од страв или бес да ги оттурнуваме луѓето од себе, дури и за време на сексот? Еве, мене понекогаш ми е жал кога ќе помислам дека не сум имала доволно секс во животот, бидејќи наједноставно – не сум имала со кого. Не можам да се преокупирам со сите тажни човечки судбини поради кои некои луѓе станале огорчени, арогантни или лоши, не сум платена за тоа. Животот продолжува, животот е премногу краток за дури и малку лош секс.

Извор: www.vice.com

 

Слични содржини

Психологија / Теорија
Култура / Теорија / Историја
Технологија / Живот / Теорија
Општество / Свет / Живот / Теорија

ОкоБоли главаВицФото