Ѓукановиќ го освои првото, а Груевски третото место во трката за промоција на криминал и корупција

31.12.2015 09:22
Ѓукановиќ го освои првото, а Груевски третото место во трката за промоција на криминал и корупција

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ е прогласен за личност на годината заслужна за промоција на криминалот, корупцијата и неграѓанското општество од страна на Мрежата за известување за организиран криминал и корупција (OCCRP). Наградата за малку му „избега“ на македонскиот премиер Никола Груевски кој претставува прв номиниран Македонец, а тој успеа да влезе и во вториот круг од гласањето и го освои третото место.

- На второто и на третот место се наоѓаат жената и децата на претседателот од Азербејџан Илхам Алиев и македонскиот премиер Никола Груевски. Роднините на азербејџанскиот претседател поседуваат голем удел во економијата и ја ограбуваат државата на сметка на сопственото богатење. Македонскиот премиер Никола Груевски прислушуваше новинари и опозицијата, ги гонеше политичките противници и учествуваше во прикривaње убиства, се вели во соопштението на OCCRP.

Уредникот Дру Саливан вели дека трката била тесна, но победникот сепак ја заслужил својата награда.

-Неговата прва реална работа беше премиер на Црна Гора, Тој беше или премиер или претседател речиси три децении од неговата кариера и животот на неговата држава. Додека себеси се претставува како прогресивен, про-европски ориентиран лидер кој ѝ помогнал на својата земја да влезе во НАТО, тој во меѓувреме ја изгради една од најпосветените клептократии и прибежишта на организираниот криминал во светот. Зa неговата работа на креирање опресивна политичка атмосфера и економија водена од корупција и перење пари, OCCRP на црногорскиот премиер Мило Ѓуќановиќ му ја доделува наградата личност на годината заслужна за промовирањее на криминалот, корупцијата и неграѓанското општество, се вели во обраќањто на Саливан.

OCCRP претставува конзорциум од 22 комерцијални и непрофитни медиуми кои се занимаваат со истражувачко новинарство и стотици новинари од Европа и Централна Азија се дел од работата на оваа мрежа. Формирани во 2006, центрите на мрежата работеа посветено на заеднички меѓународни истражувачки проекти и продуцирани се повеќе од 60 истражувања на повеќе од 120 новинари.

Секоја година новинарите на OCCRP од повеќе од 30 држави предлагаат и гласаат за личност на годината заслужна за промоција на организираниот криминал и корупција. По првиот круг гласања се избираат тројцата најзаслужни, а „орденот“ личност на годината го понесува кандидатот со најмногу гласови.

НОВА е членка на мрежата за известување за организиран криминал и корупција, а раководител од НОВА на проектите врани за мрежата е новинарката Сашка Цветковска.

Извор: Нова ТВ