1021 hPa
36 %

24 °C
Скопје - Пон, 28.04.2025 16:59
Уште не е зима
а времето сепак не ни штима.
Сакате да одиме во лов на пеперуги
и на ретки пролетни цутови?
Не, заборави, тука е што е.
Ќе ја тресеме есента од костените,
студот од коските.
На маглата ќе ѝ ги врземе очите,
ветерот ќе го обесиме на дабот.
На снегот ќе му посакаме зимска
опрема, на санките влечна служба.
Елката треба да биде стројна и зелена
како некоја идеална мома.
(Ќе ја накитиме дури откако
ќе ја засадиме во дневна.)
Крајот на годината се ближи и
со неа ќе завршат и нашите грижи.
Кој не сака да почне одново, кој?
За Нова година ќе ти подарам револвер,
па прави што ќе правиш
(пукај, во мене или во височина)!
Крајно време е да ја разбиеме илузијата
дека убавите желби и сочниот
бакнеж точно во дванаесет
ни гарантираат убава и плодна година.
Пукај, што чекаш! – ќе ти речам.
18.12.2013
На сликата: момче и девојка се бакнуваат на Берлинскиот ѕид на новогодишната ноќ, 1989.