Auld Lang Syne

31.12.15 13:17

Филмот It's a Wonderful Life (1946) на американскиот режисер Френк Капра е базиран на расказот „Најголемиот подарок“ на Филип Ван Дорен Стерн. Станува збор за еден од најпопуларните американски филмови, кој своевремено добива пет номинации за Оскар, а Американскиот филмски институт го вбројува меѓу 100-те најдобри американски филмови на сите времиња.

Во филмот, главниот лик Џорџ Бејли планира да се самоубие, а Кларенс Одбоди, „Ангел од втора класа“, добива задача од својот „надреден ангел“ да го спаси.

Подолу ја претставуваме култната завршна сцена од филмот, во која спасениот Џорџ се враќа дома меѓу своите пријатели и најблиски, кои во радосна атмосфера ја пеат традиционалната „Auld Lang Syne“, испраќајќи ја старата година.

ОкоБоли главаВицФото