Барокни разгледници (2)

02.01.2016 12:06
Барокни разгледници (2)

Низ кралството на Царот Николај, постојано крстарат жолти комбиња со огромни слоновски уши, и тие жолти комбиња, организирани и платени од странски служби и мрачни сили, со помош на тие огромни слоновски уши, природни уши исечени од големи африкански слонови, ги прислушуваат дворските тајни, ги слушаат телефонските разговори на дворските великодостоинственици, на царските добошари, на целата царска свита, па дури и разговорите на нашиот пресветол цар Николај и на дворскиот џелат Змијалков. Мака мачи нашиот Цар Николај со овие платеници, петоколонаши, гркољупци, хомосексуалци, предавници и останати мрачнотивци... мака мачи, „кутриот“.

Бидејки и јас му припаѓам на тој змиски окот на обожаватели на мрачни сили, успеав да дојдам до еден телефонски разговор помеѓу главосечачот Змијалков и ценетиот македонски бизнисмен и газда на скопјангската кафеана „Телетабис“. Па сега со вас, во најстрога тајност, ќе го споделам тој разговор.

ГАЗДА ГОРАН: Началничеее!!! Кај си бе началниче! (пауза) Јас? Еве сум у Теле-табис! У Телетабис... не телевизија...теле-табис, теле-табис, а бе кај мене у моја кафана! (пауза ) Па така ми се вика кафаната. Ееее... толку пати си бил на комитски вечери кај мене, а не знаеш како се вика... Е па име како име... Какво и да е, не го даваме, и не го менуваме... Јас сакав да ја крстам „Александар на Букефал“ или „Мајка Тереза“, ама у партија викаат, не можело сè у Скопјанг да се вика така... Ќе се збунувало членството, немало да знаат, ако им наредат, на пример - „утре у Александр Велики“ или „да се најдеме во Мајка Тереза“, дали да одат на аеродром, дали на фалкутет, дали у некое културно уметничко друштво, дали да посетуваат споменик, дали пак треба да дојдат кај мене у кафана... А? Што викаш? (пауза) (се смее) Така е, така... Арно викаш, едни ќе отидат у Католичка, а други у Грчка... Туку, Началниче!? Ти изгледа, не си ми ја свршил онаа работа? (пауза ) Како која работа? Па немој така Началниче, па за онаа женска, за дечко ѝ, некако да го... (пауза ) Како која женска, Началниче? Па сум ти кажувал сто пати. Пола година ми доаѓа у кафана, полуден сум по неа! Кога ќе ја видам, ми се плаче колу сакам да ја ебам! А бе не ми е само да ја ебам, ако ме сака, веднаш би ја носел пред олтар! Со неа би аплицирал за „Купи куќа – купи стан“, би ѝ направил – Трето дете, би ја учланил у Унија на жени! (пауза.) Каква коса има? Црвена... Зашто прашуеш? (пауза) Плаво? Зашто да мора да се фарба у плаво? (Се смее. ) Ахх што си ти... Демек у Унија на жени, примаме само плавуши... А бе, началниче, ти се заебаваш, а јас си имам мака... А да знаеш колу пати сум го дрвел на неа, не би ми правел вака! А бе пријателе, толку многу ја посакувам, што би ја пунел... би ја пунел како што изборните комисии по селата ги пунат избирачките кутии, е така би ја пунел, би ја преполнил... (пауза)

 

Ееее, како не ме заебаваш, ме заебаваш како да сум од ОБСЕ или од Хелсиншки комитет, ете така ме заебаваш... Па нели ми вети дека дечкото со кој секоја вечер ми доаѓа у кафана, дека ќе му направите нешто, таа вечерва да биде сама... Нели вети? Ти се јавив кога ми резервираа маса! Не се прави дека било пред сто години! (пауза) Што? Сте го уапсиле? Како? Не те слушам добро? Кај сте го однеле, у граница? (пауза) Каква граница, на која граница? На грчка ли граница? А бе зашто на граница!? (пауза) Аааа сте го однеле у станица, сте го привеле... Па ти уствари си ми свршил работа, само ме дупиш? А јас мислев сега да му пишам порака на премиерот, да види тој дали може нешто... Аааа Началниче, началниче... и викаш сега дечко ѝ е у притвор? А? Што викаш? (пауза. Се смее.) Ко говедо? А? Лежел на стомак пола саат со лисици отпозади!? Ха, ха... викаш ко говедо!? И што викал? Што викал? Горан, газдата на кафана Телетабис, ме наместил! Викал – Јас сум го наместил? ( пауза ) Леле, леле,леле... Четириесет минути лежел на земја, плачел ко пичка!? Ако му е, нека шета сега женска која мене ми се свиѓа! Све да му ебам јас него... он ќе ебе женска у која јас сум заљубен. Ќе ебе!? Е сега у Шутка ќе го ебат него наркомани и шиптари! Мамицата му... (пауза ) И пиштол у уста си му ставил?! Ајде!? А бе да не сте претерале малце. Јас само сакав таа вечер да биде тука сама без него... (пауза) Викаш?! Не само денес, си го натоварил со докази, со све, тој нема да мрдне со денови... (пауза) Осум години!? Е за ова ќе ти бидам верен до гроб! До гроб верен! (пауза) Да бе Началниче, сум се заљубил до уши, како прост вмровец што е заљубен у сладолед ама од оние поскапите, како Премиерот у барок... како Гоца у Зоки, ете толку многу сум луд по неа! (пауза) На што личи? На што личи штом толку сум се заљубил? Личи на Гдом! (пауза) Не бе, Началниче, зарем ја да те дупам тебе, права гдомка – права вмровка бранителка! ...Чекај, чекај, сега ќе ти објаснам! Убава е како Сузе Национале кога победи на Валандово 89-та, паметна е како Ач Ковска кога збори у оној докуметарец како комуњарите го убиле Ченто, а гласот и е сексибилен како на Карака Мишева кога збори за Цеца на радио – „Слободна Македонија“! Ти викам Гдомка!!! А знаеш како се вика – Македонка! (пауза) Ти викам јас, све си е на место... Уште да ја учлениме у вмро, да ја вработиме во суд, и ќе ми биде верна до гроб! Ќе ја женам Началниче! Ќе ја женам! Па некаде до лете – да ми роди и трето дете! (се смее.) (пауза ) Што? Како мислиш дека ако е таква како што викам нема да сака да биде со мене? Што? Или нема да ме сака – или ќе ме вара?! Ќе ме вара? Па знаеш ли што ќе ѝ направам ако ме вара – Ќе ја фрлам од тераса! Да, Началниче, од тераса, како прав патриот!

 

Чекај Началниче? А зошто да не се заљуби и таа у мене? А? (пауза. Навреден.) Еј, сега голема работа, сум бил сељак! Како само јас да сум сељак, па и Ванчо Михајлов, и Тодор Александров, дури и господинот премиер се од Ново Село, па шо им фали? Тие се дури ново-сељаци, јас сум барем старо-сељак, од Старо Нагоричане! (пауза.) Што? Глуп сум бил? Глуп? Како да сум само јас глуп у оваа државата!? Сите интелектуалци – само јас глуп!? Па да беа сите паметни у Македонија, тогаш ние како партија ќе требаше да се расформиравме, никој паметен у оваа држава не гласа за ВМРО! (пауза) Е ќе викам! Ќе викам како Хипо на митинг, така ќе викам! Што мене ми фали па таа шмизла да не ме бендиса? Имам кафана? Имам! Покрај кафана имам и друг бизнис и тоа ортачки со тебе? Имам! Фаца сум, ме знаат луѓето? Ме знаат! Имам едно стадо шарпланинци и уште едно стадо кози!? Имам! Јака кола? Имам и јака кола! Сега, не е мерцедес од пола милион евра, ама ќе биде и тоа ако ме изберат за пратеник! (пауза.) Што? Како? Како, како... Зашто збориш така Началниче? Па како не била сигурна мојата кандидатура за пратеник на следниве избори? Зошто да не е сигурна? Све направив како што кажавте – и кафаната и куќата ги препишав на ВМРО, потпишав и фактура на 200.000 евра, како гарант дека ќе гласам за све што ќе ми се нареди, се заколнав на нож и пиштол дека ќе ви бидам верен до гроб, дури почнав да го славам Свети Николај, ја направив куќна слава... Јас мислам дека со тоа ги исполнив сите услови да ме кандидирате за пратеник? (пауза) Што? Кој ќе го дрогира народот ако јас станам пратеник? Ти началниче се грижиш за нашиот бизнис со СИТЕЛОМ? Па нема да го запоставам сителомот, можам јас да бидам пратеник и да продужам да пуштам розова дрога низ народот со несмален интензитет. Народот ќе го опијанувм со нашата дрога без прекин, уште поинтезивно можам да ги трујам. Не се секирај, Началниче, знам јас колку на нашата партија ѝ е битен сителомот. Да го има постојано во неограничени количини и да им е лесно достапен. (пауза) Знам јас, Началниче, дека јас сум најдобар дилер на „розово“ што го имало во македонскиот наркомански етер, знам, фала за комплиментот. Но не разбирам зошто не би можел да бидам и пратеник!? Види, Началниче, јас со ова што го правиме, за ова со сителомот, јас целосно сум влезен во ризик, ми гори под нозе, утре да се смени власт мене одма ќе ме уапсат. Не сум јас како другите дилери на други полесни дроги. Не сум ти јас Газда Емил, па да бидам у страв. Пола град е у страв. А највише мене ми гори под нозе... да, и на тебе ти гори! Види, Началниче, да ти кажам јас отворено. Ти и јас сме селски деца, и ич кур не ме боли дали нè слушаат шиптари или американци... (пауза) Тачно, ни тебе кур не те боли, оти у суштина ти си тој што прислушкува, а не американци и шиптари, тие и да слушаат, не знаат дека и они се прислушкувани од нас! (се смее.) Па пошто ние си се прислушкуваме, ние можеме и слободно да си збориме по телефон. А и не правиме нешто страшно па да се кријам. Нити рушам влада, нити зборам против премиерот, ниту планирам демонстрации. Ние само најлегално переме пари и диламе дрога. Најдозволена работа во Македонија, откако сме ние на власт. Секој од нас главните растурачи на „розовиот прав“, има големи привилегии од оваа власт, и јас токму поради тоа сакам да испорачам услуги. Сителомот го конзумираат како луди! Јас за сè сум фронтмен! А другите дилери со другите дроги у позадина.

 

Ете, Дебелиот, па и оној Емил, само сака да лапа, а слабо да испорачува. Па испорачај му дрога на народот, зашемети го, затупави го, ослепи го народот... инаку нема друг начин, како инаку вие ќе владеете со Македонија. Една недела народот да нема сителом, ќе се свести и ќе ве избрка од фотељите со гомниви мотки! Јас работам 90% од убедување, а профитот од дрогата ми е едвај 10 %... А Емил лапа ли лапа, бенефиции, пари, функциии... Него да не го кандидирате за пратеник наместо мене? Зар јас не сум заслужил со својата верност до смрт?! (пауза) Што како? Лапал Емил, ама лапал и Горан?!!! Е добро де Началниче, од воздух ли да живеам... Ама ако ме... за пратеник... па ќе им ги напунам и ушите и очите и устата на секое македонче, ќе бидат како оние трите мајмунчиња со рачињата на очи, уши, уста. Ќе лапаат СИТЕЛОМ по цел ден, и у пола ноќ да ги разбудиш од сон, ќе срипуваат и ќе извикуваат – Да живее ВМРО!!! Ама ти викаш не сум одговарал... А ако се деси нешто, ако се смени власта, вас можеби ќе ве апсат, ама јас што сум правел, мене би требало да ме стрелаат! Немам никаква сигурност и испаѓам најголемо говедо. Кој кур сум јас Началниче? (пауза.) А? И викаш, да не се сакалдисувам.... Ќе владееме ние уште сто години, а потоа нека владее кој сака! Ако уопште после нас остане со што да се владее? (Се смее. Пауза) Ааа, значи си ме дупел... може да бидам пратеник?! Стварно?! Ти и бог, Бате Саше, ти и бог! (пауза ) Што? Ти си ме дупел мене, а јас сега ќе му ја дупам женската на оноа говедо. Од твоја уста, Началниче, у божји уши!!! Овде све е припремено пилето да влета у златен кафез!? Сум спремил свеќи, шампањ, цвеќе, ќебапчиња... а бе романтика! Романтика! Дури го пуштив и каминот ради уметнички доживљај. (пауза ) Што? Каменот?! Не, не... каменот. Каминот, началниче, каминот!!! (пауза) Све сум спремен да направам за да ја имам. Ми се плаче колку ми се ебе, ми се плаче... Неа и ниедна друга. А бе ваљда нема да ме одбие? Која нормална девојка одбива иден пратеник, вмровец?! А бе ако треба би ја женел, бате Саше, а тебе за кум би те земал! Толку ме има излудено! ( пауза ) Што ќе правам ако не ми успее со романтика? Не знам!? Ќе ја убедувам, ќе ја молам... ќе ја молам како гласач што се моли у предизборна кампања. Ете, ќе ми биде добра вежба за избори... (пауза) Што? Ако тоа не успее? Тогаш ќе ја фатам за уши и ќе ја одвлечкам у кревет! Како на избори Началниче, исто како на избори. (пауза) Да ја опијанам? Прво да пробам да ја опијанам? Важи Началниче, ти си поербап од мене у тие работи, ќе те послушам. (пауза) Што? Доаѓа!? Бате, ти пак да не ме дупиш? (пауза) Е од кај знаеш дека доаѓа? (пауза) Да, да бе, твоја работа е све да чуеш и све да знаеш, и јас прашувам глупости... (пауза) Разбрав, Началниче, разбрав. Прво ќе пробам да ја опијанам, нема одма за уши... (пауза) Вмро до гроб! До гроб! (потпевнува) Вмроо! Вмроо! (завршува со разговорот) (Го става мобилниот во џеб. Продолжува да потпевнува.) „Девојко Македонко, со месеци ти меркана! Дојде време, дојде час, да те ебам сега јас!“

(продолжува)

Кон првиот дел

Слики: Странски служби

ОкоБоли главаВицФото