Победници на Фото конкурсот на National Geographic за 2015

02.01.2016 21:44
Победници на Фото конкурсот на National Geographic за 2015

Добитик на главната награда, и победник во категоријата Природа: „Нечистотија“, фотографија на Џејмс Смарт

Ретките анти-циклонски торнада на отвореното земјоделско земјиште во близина Симла, Колорадо, за време на кои некои семејства ги загубиле своите домови. (Локација: Симла, Колорадо, САД)

Добитниците на Фото конкурсот на National Geographic за 2015 биле селектирани од над 13 000 прекрасни фотографски записи од целата наша колоритна планета.

Џејмс Смарт од Мелбурн, Австралија ја доби главната награда за неговата фотографија со спектакуларната бура, насловена „Нечистотија“. Фотографијата била направена минатата пролет додека Смарт и неговиот брат бркале бури низ Колорадо. „Торнадото постепено стануваше сè посилно, кревајќи прашина и земја од обработливите земјишта. Не се движеше многу брзо, па успеавме да се приближиме.“ – изјавил Смарт.

Еден од победниците е и Џоел Енсада од Бингхамтон, Њујорк, кој се пласирал на првото место во категоријата Луѓе, со неговиот портрет на еден млад човек во Уганда со својот сакан велосипед. Покрај него, овде е и Франциско Мингоранс од Андалузија, Шпанија, чија фотографија на загаденото мочуриште во Шпанија, победи во категоријата Места. Евалуацијата на илјадници испратени фотографии се вршела врз основа на креативноста, квалитетот, и автентичноста на содржината, и сите пристигнати фотографии припаѓаат на трите категории: Природа, Места и Луѓе.

Победник во категоријата Места: „Астероид“, фотографија на Франциско Мингоранс


Додека ја подготвував фоторепортажата за реката Рио Тинто од авион, решив да ги вклучам фосфорните езерца, чии црвени и радиоактивни празнења уништија дел од мочуриштето. Како фоторепортер од областа на екологијата морав да ја раскажам оваа приказна, и морав да го направам тоа со фотографија која ќе го привле вниманието на гледачот. Ова го открив на обуката за летање, а ми го привлече вниманието поради сличноста со влијанието на астероидот на зелена вода. (Локација: Карденас, Андалузија, Шпанија)


Победник во категоријата Луѓе: „На игралиштето“, фотографија на Џоел Енсада


Бивуења живее во сиромашен кварт наречен Камвоќа, во Кампала, главниот град на Уганда. Ова момче го негува и се гижи за својот велосипед повеќе од што било друго. Тој со велосипедот секоја вечер доаѓа на игралиштето во сиромашниот кварт, каде што ги гледа децата кои играат фудбал. (Локација: Кампала, Централниот регион, Уганда)

Пофалница: „Орангутан на дождот“, фотографија на Ендрју Сурионо


Додека ги фотографирав орангутаните во Бали, почна да врне. Само момент пред да го спакувам фотоапаратот, го здогледав овој орангутан кој зеде еден Таро лист и го стави врз својата глава за да се заштити од дождот! Веднаш го искористив мојот DSLR и телефото објективот за да го зачувам овој спонтан магичен момент. (Локација: Денпасар, Бали, Индонезија)

Пофалница: „Рид од крстови “ од Хидеки Мизута


„Ридот на крстовите“, местото на коешто има стотици крстови го претставува мирниот отпор на литванскиот католицизам кон репресијата. Се верува дека малиот рид е местото каде што престојуваат духовите на мртвите. Кога го посетив тоа место, пред мене се појави една прекрасна контрастна глетка. Една девојка во розов фустан трчаше низ крстовите и како да го исполнуваше просторот со мир, надеж и љубов. (Локација: Шиаулиаи, Сиаулиу, Апскритис, Литванија)

 Пофалница: „Од генерација на генерација“ фотографија на Џексон Ханг


Оваа фотографија е направена за време на Кинеската Нова 2015 година, во Тајван. Додека се оддаваше почит на нашите предци, набљудував како светлината влегува во собата и на ѕидот ги видов сенките на рацете на некои од членовите од моето семејство во моментот кога се подаваат миризливите стапчиња, по испраќањето на нашите молитви. Фотографијата е симболична, бидејќи подавањето на миризливи стапчиња го претставува знаењето и мудроста кои се пренесуваат од поколение на поколение. (Локација: Тајван)

Пофалница: „Поглед на Ирак од Иран“, фотографија на Јанан Ли


На границата помеѓу Иран и Ирак има напуштени реликти. Група ирански студентки се забавуваат играјќи си околу еден напуштен тенк. Една од девојките стои на тенкот со раширени раце. (Локација: Саламчех, Кузестан, Иран)

Пофалница: „Промена на смени“, фотографија на Мохамед Јусуф


Во Масаи Мара, младенчиња на гепардот наречен Малаика станале доволно големи за да почнат да одат во лов. Тие се движат од еден на друг рид, испитувајќи ги териториите. Изгледа како да се менуваат на смени. Еден гепард го напушта ридот, па доаѓа друг кој го заменува. (Локација: Масаи Мара, долината Рифт, Кенија)

Пофалница: „Нема што да се изјави“, фотографија на Ларс Хубнер


Во селата во Тајван, погребите обично се одржуваат во локалните капели. Кога умира некој член од семејството, неговото тело се чува во куќа, или во шатор направен специјално за оваа намена. По одредено време, покојникот, со погребна поворка се носи на гробиштата и таму се погребува. (Локација: Дулиу, Тајван, Тајван)

Пофалница: „Акробати во воздухот “, фотографија на Алесандра Мениконзи


Јато алпски врани (Pyrrhocorax graculus), птици кои живеат на планините, прават акробатски движења во воздухот. Имав можност, во текот на еден ветровит ден да ги овековечам нивните импресивни летечки вештини.

Пофалница: „Колоритен хаос“, фотографија на Бенц Мејт


На оваа фотографија се претставени птици пчеларки собрани заедно на една гранка, пред да заминат да спијат во нивните живеалишта. На оваа тема работев осумнаесет дена, бидејќи само 5-10 минути во текот на денот имаше соодветна светлина која ми беше потребна, па 90% од моите обиди беа неуспешни. Користев флеш светла за да ги осветлам птиците кои стојат на гранка, и да се добие ефектот на замаглување на оние кои летаат над нив. Кога го погодив вистинскиот агол, осветлувањето генерираше виножитна светлина преку крилјата на разлетаните птици. (Локација: Mуз, Квазулу-Натал, Јужна Африка)


Пофалница: „Игра“, фотографија на Симон Монте

Играта Алтинхо (Altinho) во Ипанема, Рио де Жанеиро. (Локација: Рио де Жанеиро)

Пофалница: „Надреалистичка слика на природата“ од Tуго Ченг


Како најголем планински венец во Централна Азија, Тјан-Шан (на кинески,„небесна планина“), постојат едни од најубавите природни пејзажи во светот и многумина го сметаат за рајско место податливо за авантури. Благодарение на богатството од седименти создадени со моќта на ерозијата предизвикана од реките кои течат низ планините, северното лице на Тјан-Шан е врежано во зашеметувачките висорамнини и колоритни кањони со длабочина од неколку стотици метри, кои го создаваат ова природно надреалистичко дело.

Извор: www.mymodernmet.com


 

Слични содржини

Фотографија / Уметност
Општество / Активизам / Фотографија / Став
Фотографија
Фотографија / Живот / Уметност
Фотографија / Gif / Теорија / Историја
Фотографија / Балкан / Историја

ОкоБоли главаВицФото