Најдобрите неполитички вицови во 2015!

05.01.2016 11:05
Најдобрите неполитички вицови во 2015!

Мрежа

Пајак се јавува кај мува на телефон, а оваа му вели:
–Џабе ме бараш, надвор од мрежата сум.

Пинокио

Свети Петар си дремел пред седефната порта, кајшто ги примал умрените. Наишол Христ и му понудил на уморниот Петар малку да го одмени. Баш добро, рекол Петар и си заминал, оставајќи го Христа пред портата. И така Христ си седи таму, кога, по некое време, пред портата доклинкало едно деденце, прашувајќи дали може да влезе. И ја почнал Христ процедурата, сè по ред, нели, го прашува за неговиот изминат живот. А колку дедото повеќе зборува, толку на Христ му е поинтересно.
–Пораснав во мало место, вели дедото. Бев дрводелец.
–Навистина?, вели Христ.
–Имав син–единец и сакав еден ден тој да ја преземе мојата работа.
–Аха?
–Но господ имаше други планови со него. Мојот син си замина од дома, во светот.
–Навистина?
–И стана насекаде познат.
Тука Христ толку се возбудил што не можел да се воздржи. –Оче!, извикал.
А дедото го гледа и вели: Пинокио, сине, ти ли си?

Работници

–Што прават работниците во фабрика за оружје?
–Се убиваат од работа.

Појадок

Разговараат двајца алкохоличари:
–Појадуваше ли?
–Не, ни капка!

Давење

Единствено Чак Норис успеал да задави човек со бежичен телефон!

Музиката на Чак Норис

–Што слушал Чак Норис во седумдесеттите?
–Музика од деведесеттите!

Размножување

–Како се размножуваат ежовите?
–Многу, многу внимателно!

Како се чувствуваш?

Доаѓа една баба кај друга баба и ѝ вика:
– Дај прашај ме како се чуствувам!
– Чекај да ти сварам кафе прво.
Поминуваат 15 минути…
– Дај прашај ме ма како се чуствувам!
– Добро! Како се чуствуваш?!
– Ќути не прашувај!

Бабата и внуците

Ги собрала бабата тројцата внуци и ги прашувала што ќе студираат.
Првиот: Медицина, бабо.
Бабата: Е убаво синко, ти ќе ја лечиш баба кога ќе се разболи.
Вториот: Јас на градежен, бабо.
Бабата: Е браво сине, ти ќе и направиш нова куќа на баба.
Третиот: Јас компаративна книжевност.
Бабата: Е убаво, значи баба кој ја ебе, а?

Мобилен

Трпе и Трпана се сексаат и Трпана му вика:
– Абе Трпе, како мобилен си во кревет!
А Трпе понесен од ситуацијата со задоволство и враќа:
– Тоа дека убаво те вибрирам, така?
– Не драги, туку губиш сигнал кога си во тунел.

Тајната на долговечноста

Зошто жените живеат подолго?
– Затоа што тие немаат жена.

Анестезија

Пациент прашува анестезиолог:
– Колку за анестезијата?
– 500 евра.
– Не е тоа многу за едно онесвестување?!
– А, не. Онесвестувањето е бесплатно. 500 евра е за да те вратам назад.

Човекот од островот

Поминува патнички брод покрај некој напуштен остров на Тихиот Океан и сите на палубата забележуваат некој човек со голема брада и искината облека како вика, урла по нив на цел глас. Го прашуваат патниците капетанот:
– Капетане, кој е она на островот?
– Стварно не знам, али секоја година кога поминуваме од овде он тотално полудува.

Доследна

Разговараат две жени.
– Ти уствари колку години имаше?
– 25!
– Е ај не ме заебавај, лани ми кажа исто дека имаш 25!
– Е јас не сум од оние кои еднаш велат едно, после друго!

Ете гледаш што можеш да добиеш за 10 евра!

Брачен пар на летување, се сместиле во отмен хотел и вечерта седнале во ресторанот да вечераат. Кога на шанкот седнала многу згодна девојка. Мажот ѝ рекол на жената:
– Види колку е згодна девојкава! Штета што е проститутка.
– Како не ти е срам, како можеш така да зборуваш за толку фина девојка?!
– Ма проститутка е кога ти велам! Еве, ако не веруваш, ќе ти докажам. Оди горе во собата и скриј се под креветот, а јас ќе ја соберам и ќе ја донесам горе, па ќе слушнеш.
И така, по неколку минути жената заминала горе и се скрила во собата, а мажот ја собрал девојката и ја однел во истата соба. Тогаш девојката му рекла:
– Кај мене се плаќа однапред, цената е 100 евра од сат.
– Охооо па тоа се многу пари, немам толку...
– Е па добро колку имаш?
– Имам 10 евра.
– Не знам како воопшто се осмели да ме викнеш – рекла девојката и избегала низ вратата.
Тогаш мажот ја викнал сопругата и задоволен што ја добил опкладата, повторно ја однел во ресторанот за да ја довршат вечерата. Само што седнале на масата дошла истата девојка и му се обратила на мажот:
– Ете гледаш што можеш да добиеш за 10 евра!

Гуска

Починала некоја мирна девојка и оди кај Господ.
– Господе, јас живеев чесно, не пушев, не пиев, не одев по мажи. Каква награда ќе ми дадеш за тоа?
Господ се замислил и наредил:
– Дајте ѝ крилја!
– Ооо, ќе ме правиш ангел?
– Не! Гуска! – одговорил Господ.

Капитализмот во еден виц

Шетале Мујо и Хасо низ парк и здогледале нешто на патеката.
Мујо: Хасо, што мислиш, што е она долу на патеката?
Хасо: Не знам бе, Мујо, ми личи на гомце.
Мујо: Е, нема шанси, Хасо. Мене ми личи на чоколадо.
Хасо: Ај пробај го, Мујо. Само така можеме да утврдиме.
Мујо: Нема шанси, Хасо. Ај ти пробај го.
Хасо: Ај бе пробај го, ќе ти дадам 100 евра.
Мујо: 100 евра, викаш? За 100 евра богами ќе го пробам... (го пробува) Еј, абе стварно било гомце...
Хасо му ги дал парите и продолжиле по патот. По некое време пак здогледале нешто на патеката.
Хасо: Еј, Мујо, види, пак нешто такво слично.
Мујо: Е ова мора да е чоколадо.
Хасо: Мислиш?
Мујо: Сигурен сум. Ај сега ти пробај го, ќе ти дадам ја на тебе 100 евра.
Хасо, откако го пробал: Еј, абе и ова било гомце...
Мујо му ги дал парите и продолжиле по патот. По некое време му текнало на Мујо.
Мујо: Абе Хасо, што направивме ја и ти уствари? Се најадовме гомна, а ни ја побогат за 100 евра, ни ти.
Хасо: Не е битно тоа, Мујо. Битно е парата да се врти.

Духот од ламбата

Извршниот директор, шефот на маркетинг и секретарката оделе на состанок, кога по патот пронашле стара ламба. Ја триеле кога од внатре излегол добриот дух.
– Пуштете ме, ќе му исполнам по една желба на секој од вас, рекол тој.
– Прво јас! Прво јас! – потскокнала секретарката. Сакам да бидам во Париз и да пазарам со златна картичка! ‒ Пуф! И исчезнала.
– Сега јас! Сега јас! – врескал шефот на маркетингот. – Сакам да бидам на Хаваи, да се бањам и да пијам коктели! ‒ Пуф! И тој исчезнал.
– Сега е твој ред, му рекол духот на извршниот директор.
– Ги сакам овие двајцата назад во канцеларија по крајот на паузата за ручек!

Пушам, ама не помага

Човек оди на лекар:
‒Докторе , се задушувам, не можам да дишам!
‒Пушите ли?
‒Пушам, ама не помага.

Вистински маж

Вистински маж е оној кој излегува од возилото и вели:
– Душо, ти паркираш совршено. Автомобилот и без тоа си беше удрен, мачката одамна едвај се движеше, а тоа дрво никому не беше потребно.

Снимка

„Најмногу сакам кога си ја пуштам свадбата наназад. Си одат роднините, музиката ми ги враќа парите, а жена ми среќна си иде кај мајка ѝ.“

Доктор и ветеринар

Ветеринар се разболел и отишол на доктор.
–Добар ден, што ве мачи? – прашал докторот.
–Ех, лесно е така со пациентите... – рекол ветеринарот.

Прегазениот оџачар

Разговараат две плавуши:
–Дали разбра дека нашиот оџачар го прегазил автомобил?!
–Леле, страшно, повеќе ни на покрив не сме безбедни!

Сексуален контакт

Некој тип од полусветот бил обвинет за провала, но имал алиби – тврдел дека ноќта ја поминал со конкретна женска.
–Добро – му рекол судијата – раскажете детално сè што правевте таа вечер, по ред.
–Еве вака, друже судија. Не ми се остануваше во мојон беден ќумез, па го облеков единственото мочано одело, отидов до првиот ќош, во ебаната кафана на ебаниот сељак за малку да ја слушам ебаната певаљка, па сљокав неколку од неговите ебени пива сè до фајронтот, а тогаш ѝ се закачив на ебаната певаљка па отидовме до мочаниот парк. Таму во мракот ѝ ги соблеков ебаните гаќи, се испружив со неа врз ебаната земја и тогаш... видете, друже судија, не можам понатаму да раскажувам, не е пристојно...
–Само продолжете, да го слушнеме вашето алиби докрај, тоа ви е одбрана...
–Па добро. И тогаш остваривме сексуален контакт.

А како после ќе се вратам

Летна квечерина во Неапол. Насекаде од балконите висат алишта што се сушат. Сите излегле пред куќи, муабетат и чекаат време за вечера.
На третиот кат на една куќа во тесно уличе, млада убавица штотуку се соблекла, крај отворен прозорец. Точно наспроти, на истата висина, некој младич исто така сосема се соблекол, за полесно да ја поднесе жештината. Забележувајќи ја голата сосетка возбудено ѝ предложил:
–Дојди кај мене, да се погалиме! Не можам веќе само да те гледам!
–А како да преминам? – прашува таа нерешително.
–Гледај само како влијаеш на мене... Со мојов – ќе ти направам мост преку уличкава! Доаѓај веднаш!
–Добро, но како после ќе се вратам?

Црвот и опашот

Пролет. Сè се буди. Еден црв се покажува од земјата, и забележува друг во близина. Желен малку да се погали, ненадејно слуша:
–Добога, не прави глупост! Јас сум твојот опаш!

Додворување

–Миличок, зарем не ти се чини дека имам става на нимфа?
–Имаш.
–А очите ми се како сино пролетно небо.
–Се.
–А косата ми е, нели, како зрела пченица?
–Аха.
–Ох, мили, ти навистина знаеш да се додворуваш!

Да не губиме време

Фраер, веќе размазен со постојаните успеси кај жените, ѝ се обраќа на една риба која штотуку ја запознал:
–Немам време за губење! Затоа само кажете ми: да или не?
–Добро – одговара таа – ќе одиме кај вас или кај мене?
–Е, ако сега мислите да отварате некаква дискусија околу тоа, подобро да не разговараме!

Извршител

Кој човек плени со својата појава?
–Извршителот.

Невидена тортура

Еден мисионер во џунгла доживеал невидена тортура: ем човекојадците го ставиле во казан и почнале да го варат, ем го тепале со кутлача по главата оти им ги јадел резанците!

Скокај пак!

Студент по биологија врши опити со болви. Става болва на хартија и ѝ наредува да скокне. Болвата скока. Тогаш ѝ ги отсекува нозете и ѝ вели:
–Ајде, скокај пак!
Но болвата не скока. Студентот тогаш го запишува заклучокот од опитот:
„Кога на болвата ќе ѝ се отсечат нозе, таа оглувува“.

Двете кокетки

Муабетат две кокетки:
–Тој вели дека ќе се ожени со најубавата девојка во градот.
–Замисли! А уште не се ни познаваме!

Мора да се живее

Осудениот на смрт го прекорува џелатот:
–Зарем не ти е срам што работиш ваква работа?
–Ех, па мора да се живее!

Никогаш по вкус

Еден Шкотланѓанец никогаш не пиел кафе по свој вкус. Дома си ставал по една коцка шеќер, а три коцки кај пријателите. Та никако не му се паѓале двете коцки, кои всушност биле по негов вкус.

Светулка и пикавец

–Добога! – ѝ рекла машката светулка на својата љубена. –Зарем дури сега доаѓаш? Тоа значи дека цело време сум му се удварал на пикавецон?!

Нема правда нема мир

Во мрачна улица минувач е сопрен од некој човек во сенка:
–Дали би биле љубезни да му помогнете на гладниот и невработен јадник? Сè што имам, тоа е револверов...

Помлада или постара

Продавачка во бутик ја убедува муштеријката:
–Сукњава ве прави десет години помлада!
–Значи – се налутила муштеријката – кога ќе ја соблечам, ќе бидам десет години постара?

Наследен мозок

Богами, нашиот син го наследил мозокот од мене, нема друго! – вели таткото.
А мајката одговара:
–Сигурно е така. Бидејќи јас уште го имам својот!

Три мали деца се држат за сукња

Во голема стоковна куќа млада згодна жена успаничено дотрчува на шалтерот за пронајдени работи. На себе има само блуза и малецок црвен слип:
–Извинете, ве молам, дали пронајдовте три мали деца што се држат за една сукња?

Прваци

На ресторанска тераса еден развиен батка токму добил студено пиво, кога келнерот го информира дека го бараат на телефон. Тргнувајќи, развиотката става врз криглата ливче, за да не му го испијат пивото:
„Криглава му припаѓа на државниот првак во бокс“.
Враќајќи се после неколку минути, наместо своето ливче затекнува друго:
„Криглава ја испи европскиот првак во трчање“.

Муабет меѓу шеици

–Кажи ми, те молам, како навечер бираш со која од твоите триесет жени ќе спиеш?
–Земам црево и сите ги полевам. Во спална ја носам онаа која најмногу се чади!

Еве ме

Дама, целата возбудена, упаѓа во ординација на психијатар.
–Докторе, ова е страшно! Итно треба да почнете да го лечите мојот маж! Тоа што со него се случува – е просто неверојатно! Замислете, си вообразил дека е тој – јас!
Психијатарот не се вознемирил многу.
–Во тој случај најдобро е вашиот маж да дојде овде...
–Па, докторе, еве ме, пред вас!

Писмоносци и папагали

Шпионските служби на Блискиот исток вкрстуваат гулаби писмоносци со папагали; бидејќи на гулабите сеуште им се случува да залутаат, вака барем ќе можат да се распрашаат за патот.

Двојни агенти

Еден контраразузнавач толку многу пиел што насекаде гледал двојни агенти!

Тврдење на искусен швалер

Тврдење на искусен швалер: Добрите девојки се добри, но лошите се уште подобри!

Истражувањето покажало

Една анализа од брачно советувалиште заклучила дека е подобро да се биде втора жена на некој вдовец отколку прва.

Не ми се брза

–Алкохолот полека убива – го застрашувале пијаницата.
А тој одговарал:
–Не ми се брза.

Виѓавање – засакување

Фраерско писменце врз букет: „Госпоѓице, кој вас ќе ве види, веднаш ве засакува. А кој ве засакува – кај може да ве види?“

Празна чаша

–Гледам, чашата ти е празна. Сакаш уште една?
–А што би правел, батка, со две празни чаши?

Молам?

Млада жена со кратко но мошне бурно минато среќава човек кој ѝ нуди брак. Од неа, меѓутоа, тој очекува девствена чистота со која таа веќе не е во можност да го услужи.
Затоа таа се обраќа до специјалист за пластична хирургија, кој ѝ ветува дека ќе ја врати невиноста пресадувајќи го на критичното место нејзиното ушно тапанче.
Речено – сторено. Се случила венчавката, и младоженецот не е разочаран.
–Не разбирам само една чудна навика на вашата ќерка – ѝ се доверил тој на својата тешта, по некое време. –Знаете, ако нешто ѝ кажам со малку потивок глас, таа ја подига едната нога и ме прашува „Молам“?

Актерот со двете лубеници

Еден скопски актер склон кон патетична гестикулација едно утро носел дома две огромни лубеници од пазарот Буњаковец – под секоја рака по една. Го прашал некој минувач:
–Ве молам, дали знаете каде е улицата Дебарца?
Актерот, како прво, го замолил да му ги придржи лубениците. Кого минувачот ги земал, драмскиот уметник ги раширил рацете и со крајно зачуден израз на лицето рекол:
–Од каде можам да знам?!

Цела вреќа

Гостинот му се пожалил на кафеџијата дека кафето е лошо.
–Што се жалиш за едно шољиче! Што да кажам јас што имам цела вреќа од тоа кафе!

Пенкало за доручек

Шефот ја прашува службеничката во канцеларија:
–Што ќе ви е таа виршла зад увото?
–Леле! Значи, за доручек сум го изела пенкалото!

Две бубашваби во градска канализација

Две бубашваби во градска канализација прават муабет за новиот ресторан во соседството.
–Фрижидерот е совршено чист, патосот гланц, ѕидовите без каква било пукнатина, плафонот целиот од хром... Нигде нема ни трошка!
–Те молам, не ми збори такви работи, барем додека јадам!

Невидлив човек

Есенска вечер во рајот...
Се лелее свенат лист...
Ева шепоти:
–Глеј, невидлив човек!

Ќе беше тоа прекрасен викенд

–Како си помина викендов во Охрид?
–Чуј, супата во ресторанот да беше топла како нивноно бело вино, а белото вино да им беше старо како нивноно пиле, а пилето да им беше меко и нежно како нивната келнерка, и келнерката да беше расположена за мене како нивнион педер од келнер – ќе беше тоа прекрасен викенд!

 

Колажи: Eugenia Loli

Слични содржини

Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура

ОкоБоли главаВицФото