Скандинавско архитектонско чудо: мост кој се претвора во подводен тунел

06.01.2016 04:17
Скандинавско архитектонско чудо: мост кој се претвора во подводен тунел

Данската престолнина Копенхаген и шведскиот град Малме ги поврзува единствен пат. Осум километри долгиот мост Оресунд продолжува како подводен тунел, и тоа на вештачки остров среде морски проток.

Мостот Оресунд е најдолг комбиниран мост во Европа. На горниот дел се наоѓа пат со четири ленти за моторни возила, додека на долниот дел има пруга. Над каналот Флинте се изгинуваат два пилона со височина од 204 метри, додека самиот мост е висок 57 метри. Мостот е изграден по проект на данскиот архитект Џорџ К.С. Ротне, а отворен е во 2000 година.

Мостот се протега од Малме па сè до вештачкиот остров Пеберхолм („островот Бибер“), сместен на средина на протокот. Островот е направен од материјал ископан од морското дно за време на изградбата на мостот. Количината на материјалот, како и плиткото дно поради близината на природниот остров Салтхолм („островот Сол“) овозможиле должината на островот да биде дури четири километри.

Главна причина за изградба на овој необичен остров е градењето на тунелот „Дрогден“ со кој патот продолжува до Копенхаген. Големиот мост преку целата површина на водата би претставувал проблем за воздушната зона околу аеродромот Каструп, а освен тоа, тунелот овозможи и низ остатокот од морскиот проток да минуваат поголеми бродови.

Тунелот има вкупна должина од четири километри, а 3,5 километри од тунелот се наоѓаат под површината на морето. Се состои од пет помали тунели, од кои четири се наменети за друмски и железнички сообраќај, додека петтиот е за евакуација.

Изградбата на мостот и останатата инфраструктура чинела рекордни 30 милијарди дански круни или околу 5,7 милијарди долари. За да се исплати инвестицијата до 2035 година, билетот во еден правец за автомобил чини 37 евра.

При изградбата на мостот и тунелот, големо внимание е посветено на екологијата. Токму затоа мостот не е изграден на природниот остров Салтхолм, туку данските и шведските политичари одлучиле да изградат вештачки остров јужно од него.

Пеберхолм се смета за еколошки експеримент и е заштитен со строги закони. На биолозите им е дозволено само еднаш годишно да ја посетат зоната на островот надвор од автопатот. Како што е предвидено, островот е населен со флора и фауна без никакво човечко влијание. На него живеат дури 500 различни видови билки, 12 видови птици и 20 видови пајаци.

Извор: www.kucastil.rs

ОкоБоли главаВицФото