Се срамам што Каракамишева е професор на мојот универзитет

07.01.2016 09:30
Се срамам што Каракамишева е професор на мојот универзитет

Распадот на социјализмот го исфрли на површина како нус-продукт сиот шлајм кој со години се беше таложел во ќорсокаците на системот. Така, ликови кои никогаш не би успеале да добијат раководни позиции, да имаат клучно влијание во донесувањето одлуки во заедницата и кои би биле сместени во некое дупче, одеднаш испливаа на површина и почнаа да ја кројат политиката.

Некои луѓе велат дека Тања Каракамишева е дел од овој шлајм. Велат дека Тања Каракамишева не е само гласноговорник на ВМРО-ДПМНЕ, не е само поддржувач и промотор на сите политики кои ја уништуваат автономијата на универзитетот, не е само колумнист кој во поголем број наврати застапувал идеи спротивни на владеењето на правото, не е само член на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование од која позиција ќе може да нанесе уште поголема штета на веќе разнишаниот академски простор во Македонија, туку дека таа е човек со многу лимитирани интелектуални капацитети кој во секој настап покажува поразително незнаење, фасцинирачка ступидност и непресушен и колоритен опсег на отворено лажење.

Јас не верував во ова и затоа решив да прочитам неколку нејзини колумни (три, да бидам попрецизна, заради страв од можни трајни последици кои може овој акт да го има врз моето психичко здравје). И решив да направам мала анализа на една од нив, последната колумна објавена во Дневник на 05.01.2016 година.

Што можеме да изведеме како заклучок од оваа колумна?

Според Каракамишева „заминувањето на младите многу често се генерализира и се сведува на давање паушални и површни коментари“. Земајки ги како главен извор на ова сознание за овие паушални и површни коментари социјалните мрежи, таа ни покажува дека не дошла во допир со ниту една студија која се занимава со проблемот на миграцијата и посебно миграцијата на младите од Македонија (http://www.pressclipping.com.mk/odliv-na-mozoci/, http://www.ilo.org/…/…/documents/publication/wcms_218864.pdf, http://www.reactor.org.mk/…/%D0%9C%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%…, http://www.makdenes.org/content/article/25021703.html, Општественото влијание на емиграцијата и рурално-урбаната миграција во Централна и Источна Европа, http://fes.org.mk/…/Lost%20in%20democratic%20transition%20-…, ...). Наспроти многубројните повеќеслојни истражувања на овој комплексен проблем и предизвик за многу држави, Каракамишева си направила свое истражување од кое ги изведува „вистинските причини за заминувањето на младите од земјата“.

Истражувањето го направила врз, како што вели таа „репрезентативен примерок“ од триесет луѓе (од нејзиното опкружување). Со оглед на тоа дека очигледно кутрата нема поим што значи тоа репрезентативен примерок и како се прави, јас би ја советувала да оди на некој почетнички курс или обука (на пример http://www.crpm.org.mk/?page_id=1183). Врз основа на овој „репрезентативен примерок“ од триесет другарчиња, Каракамишева дошла до вистинската вистина, за причината за заминување на младите од Македонија, а тоа се несреќните љубовни врски и лошите семејни односи.

Срамното измотавање Каракамишева го продолжува со наводно повикување на мислење на психолози според кои младите заминуваат од земјата заради срам од депресијата во која запаѓаат заради несреќните љубови, а која немаат со кого да ја споделат.

Срамниот напис продолжува со тоа што Каракамишева од формална позиција на професор, истражувач и стручњак без никаква основа, без никакви истражувања и без никакви податоци, изјавува, не, не изјавува, најотворено лаже, дека сите тие кои отишле во странство всушност станале современи робови кои не се враќаат назад во земјата од срам да го признаат тоа, дека живеат мизерен ропски живот, дека умираат од работа без соодветна награда и сатисфакција, дека Македонија може да понуди многу повеќе и подобро.

Написот го завршува во патетично-патриотски занес во кој повикува на духовна среќа наспроти материјалната, на пиење кафе (кое во странство го нема), на дружење (кое во странство го нема), на семејни собиранки (кои во странство ги нема).

Луѓе, ме изеде жив срам што Каракамишева е професор на мојот универзитет. Ме изеде жив срам за секоја нејзина лага. Ме изеде жив срам за тоа што сум дел од академската фела која не само што ја смета за свој член, туку ја става на позиција да одлучува.

Јас, како професор со академски стаж од 35 години, како доктор по правни науки и како човек со свест и совест, немам намера да прифатам ниту една одлука, ниту еден став и ниту едно решение од кое било тело во кое членува лик како Каракамишева.

И да ти кажам, голема бела птицо, јас сакам да ми се најават луѓето кои ми доаѓаат на гости и се договарам со моите пријатели за секоја средба и не сакам секој на кој ќе му се присака да ми го ремети животнот ред, затоа што живеам во 21 век, а не во 18.

Фајронт бре.

Извор: Фејсбук профилот на авторката
Слики: Свирачиња