Ирена Мила: Животец

07.01.2016 13:43
Животец

На своите фотографии, македонската фотографка Ирена Мила како да ни претставува еден меѓусвет кој постои единствено како трепет. Се чини дека таа го доловува мигот на очекување да се случи нешто, а не самиот настан кој се случил. Ваквиот начин на фотографирање, со очигледно влијание од урбаната и патувачката фотографија, ги издигнува до степен на драма малите и навидум неважни секојдневни ритуали и настани.

„Животец. Ти дава да го бакнеш, да водиш долги полноќни разговори, да детерминираш научни убавини, да бидеш одраз на уметност, да будиш заспиени мозочни клетки, да бидеш дел од градење на нов свет и зрелост. Тука негде сум заглавена и јас. Во нејзиниот свет, долгите разговори, биологијата, фотографијата, активизмот“, вели Ирена за своите окупации кои делумно го објаснуваат и нејзиниот сензибилитет како фотографка.

Подолу можете да ги погледнете десетте Инстаграм фотографии кои самата таа ги избра за Окно.