Smartbra: паметни градници

07.01.2016 15:34
Smartbra: паметни градници

Една американска компанија го претстави првиoт Smartbra, или „паметен градник“. Новиот уред, освен стандардните предности на носење на градникот, на жените ќе им овозможи следење на виталните функции на организмот.

OМbrа градникот е претставен на саемот на потрошувачка електроника (CES) кој е одржан во Лас Вегас.

Од компанијата OMsignal изјавиле дека градникот е опремен со уреди за следење на виталните знаци на живот, како и со Bluetooth уред кој ги пренесува податоците на паметниот телефон. На овој начин, жените сосема дискретно ќе можат да ја следат моменталната состојба на организмот.

„За разлика од мажите, жените посветуваат повеќе внимание на физичкиот изглед. Конвенционалните уреди за следење на виталните знаци во повеќето случаи не изгледаат најдобро, па затоа жените често ги избегнуваат. Нашиот Smartbra ги решава тие проблеми“ – вели шефот на маркетинг секторот во компанијата OМsignal, Шаз Канг.
Како што тој најавува, „паметниот градник“ ќе излезе во продажба напролет и ќе чини околу 150 долари.

Извор: www.klix.ba

 

ОкоБоли главаВицФото