Дрскиот Боуви vs. новинари

11.01.16 14:07

Легендарниот музичар Дејвид Боуви кој си замина на 69-годишна возраст беше вистински џентлмен во односот кон новинарите, на кои им даде безброј изјави и интервјуа. Сепак, не се воздржуваше одговори дрско кога ќе добиеше глупаво, непристојно прашање или прашање кое чепка во неговата интима.

Кога еден новинар сака да го интервјуира читајќи прашања од лист, Боуви му го зема листот и го кине. Новинарка го почнува прашањето со „според критиката...“, а Боуви ја прекинува велејќи ѝ: кој ја ебе критиката! На прашање за односот со неговата мајка, Боуви одговара: тоа е моја работа!

Подолу можете да погледнете мала, забавна компилација од моменти во кои новинарите му одат на нерви на славниот музичар со своите прашања, а тој се справува со ситуацијата на извонреден начин.

ОкоБоли главаВицФото