Работилница за архитектурата на градот Скопје

20.04.2010 15:23
Скопје

 

Ноќни разговори за архитектурата и социологијата на градот Скопје

Ве покануваме на работилницата Ноќни разговори за архитектурата и социологијата на градот Скопје, која ќе започне на 21 април во 20 часот во Мала Станица. Работилницата ноќните разговори на тема архитектура и социологија на градот Скопје се резултат на партнерска соработка помеѓу Техничкиот Универзитет на Виена(TUWien) и Универзитетот Американ Колеџ Скопје, овозможени од страна на Платформата Форум како авторски проект на архитектите Иван Мирковски и Сергеј Никољски од Виена.

Програмата на работилницата е следнава:

21 април 2010 во 20h, Мала Станица ‐ Вечерни сесии за архитектура заедно со гостите од Австрија и гости од Швајцарија (Академија од Цирих со 30 студенти и 3 професори) . Ќе биде организиранa во форма на подиумски дискусии помеѓу странските гости и домашните претставници. Настанот е подржан од Универзитетот Американ Колеџ Скопје.

22 – 24 април 2010 во 10h ‐ Почеток на работилницата на студентите од Австрија, Мала Станица; тутори: Проф. Др. Ерих Рајт, Проф. Др. Кристоф Луксингер, Иван Мирковски (TUWien) како и студенти и наставен кадар од факутетот за архитектура на Универзитетот Американ Колеџ Скопје.

Ве очекуваме.

Со почит,

Ана Пипонска

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото