Повик на ФООМ за учесници на обуки за претставници од граѓански организации и неформални групи/поединци

13.01.2016 11:43
Повик на ФООМ за учесници на обуки за претставници од граѓански организации и неформални групи/поединци

Фондацијата Отворено општество – Македонија објавува повик за 40 учесници на oбуките кои имаат за цел на претставниците на граѓанските организации/неформални групи/поединци да им обезбедат пошироки познавања на темите: „Култура и политика“, „Уметност и моќ“, „Култура на режимот“ и „Култура на отпорот“. Обуките ќе се одржат во Берово, хотел Манастир и тоа: прва група во перидот 21-24 јануари 2016 година и втора група во периодот 18-21 февруари 2016 година. Учеството на обуките е без надомест и вклучува: организиран превоз, сместување во двокреветни соби, оброци, збирка од избрани теориски текстови и референци за видео и арт продукции.

Заинтересираните кандидати треба да испратат куса биографија и писмо за мотивација најдоцна до 17 јануари 2016 година на следната електронска адреса: kire.milovski@fosm.mk. Во писмото за мотивација треба да се означи периодот/групата на обука која највеќе одговара. Избраните учесници за првата група ќе ги добијат логистичките информации на 18 јануари 2016 година.

Повеќе информации на:
02-2477-119

Контакт лице:
Кире Миловски

ОкоБоли главаВицФото