Девојката која „лебди“

13.01.16 15:37

Нацуми Хајаши е една симпатична девојка од Јапонија која одлучила да се фотографира себеси како „лебди“. Може да биде забележана во околината на Токио, опремена со нејзиниот SLR фотоапарат и авто-тајмер.

Кога ќе почувствува дека тоа е вистинскиот момент, го притиска копчето на фотоапаратот, а потоа, буквално скока во место. Она што е добро во нејзините фотографии е тоа што тие не изгледаат изнасилено. Со нив Нацуми ни дава чувство дека таа природно лебди низ животот.


На прашањето како луѓето реагираат на нејзиното скокање наоколу во Токио, таа сподели една смешна приказна: „Еден ден, кога скокав на едно познато туристичко место во западен Токио, продавачите од продавницата за сувенири беа уплашени од начинот на кој скокав. Тие си дошепнуваа нешта како на пример: „Дали оваа девојка е ментално болна?“ и, „Дали е потребно да повикаме полиција?“


Затоа престанав да скокам, им се извинив и им реков:„Се фотографирам додека скокам бидејќи собирам слики за слајд шоу за мојата свадба.“ Нивните лица се зацрвенија, и рекоа нешта како: Ах, драга, честитки!Продолжи да скокаш!


„Сите ние сме опкружени со социјален стрес, како да сме врзани од од силите на гравитација на Земјата“ – изјавила Нацуми кога ја прашале зошто се одлучила за ваква серија. „Се надевам дека луѓето чувствуваат нешто како инстантно ослободување од нивните стресни денови додека ги гледаат моите лебдечки фотографии.“


Извор: www.mymodernmet.com

ОкоБоли главаВицФото